Крвава борба во Париз: Сен Дени „искасапен“, судијата ја прекина борбата поради повреди (ВИДЕО)

Париз синоќа беше домаќин на спектакуларен настан во режија на најсилната светска ММА промоција – UFC.

Главниот меч на вечерта беше резервиран за локалниот миленик, момчето со прекар „Богот на војната“, Беноа Сен Дени, кој ги вкрсти ракавиците со Ренато Моикано, а преполната „Акор Арена“ имаше што да види.

Веќе во првата рунда, Сен Дени беше целосно „искасапен“ и отечен, бидејќи Моикано со страшни удари успеа да му направи повреди на лицето, а веќе на првата пауза мораше да му се помогне на Французинот да стигне до својот агол.

Во втората рунда сето споменато само му ја отежна борбата на Сен Дени, кој крвареше насекаде по секој удар од ривалот, со тоа што имаше неколку сериозни исеченици на лицето.

На крајот, по две рунди, докторот мораше да го прекине мечот, со оглед на тоа што Сен Дени не можеше да гледа во десното око поради оток и две навистина грозоморни исеченици.

Со тоа Моикано победи, на незадоволство на публиката во Париз, но и на самиот Сен Дени.

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Фокусирани сме на реализација на реформите

Спроведувањето на Реформската агенда е пат без алтернатива. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел. 

Говорејќи на панел-дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, министерката потенцира дека оваа Влада за 5 месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите 7 години, период во којшто се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

„Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни“, порача министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека Реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавнитефинансии на начин којшто обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

Министерката за време на престојот во Брисел ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

Одделение за односи со јавност

Ексминистерката Петровска: Стојам зад одлуките кои сум ги носела и нема никакво незаконско пос

Стојам зад одлуките кои сум ги носела  и нема никакво незаконско постапување, е реакцијата на ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска за поднесената кривична пријава од Синдикатот на професионални војници.

Преговарав со сите синдикати и успеавме да усогласиме нов колективен договор, Позадината на оваа кривична пријава е лукративна и таа не ги решава проблемите со кои се соочува подносителот кои се од лична материјална природа.

И како министерка, но и сега се грижев и се грижам за угледот на Армијата и од тие причини нема да изнесувам детали, со оглед на тоа дека Насковски е нејзин припадник, но бидејќи ја знам позадината, а таа е далеку од законите ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и нарушување на мојата чест и углед, смета Петровска.

Мицкски: Продолжуваме активно да придонесуваме за силната и стабилна иднина на Европа

Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта беше значајна можност за размена на мислења и стратегии помеѓу 44 држави и високи претставници на Европскиот совет и Европската комисија.

Овој форум ја потврди важноста на меѓусебната соработка и споделување на решенија за клучни прашања како економската сигурност и регионалната поврзаност. Со мое учество на сесијата за економска сигурност, се потврдија нашите напори за продлабочување на економските врски и создавање на поинтегриран и безбеден европски простор.

Како држава посветена на европската интеграција, продолжуваме активно да придонесуваме за силната и стабилна иднина на Европа, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

.

притисни ентер