Лејди Гага за гласините дека била машко: Ете зошто никогаш не зборувам за тоа (ВИДЕО)

Лејди Гага се појави во втората епизода на „Што е следно? Иднина со Бил Гејтс“ и зборуваше за гласините што ја следеа на почетокот на нејзината кариера.

Во тоа време, едно од најчестите тврдења беше дека 38-годишната пејачка всушност е маж. Во 2011 година, таа изјави за Си-Ен-Ен: „Зошто, по ѓаволите, ќе си го губам времето испраќајќи соопштенија за печатот за тоа дали имам или немам пенис? На моите обожаватели не им е грижа, а ниту на мене“. Сега, по 13 години, таа повторно ја допре оваа тема.

„Кога имав рани дваесетти, се шушкаше дека сум маж. Го поминав целиот свет, бев на турнеи, промовирав албуми и речиси во секое интервју ми кажуваа дека има гласини дека сум маж и ме праша што имам да кажам за тоа. Единствено не одговорив на прашањето дека не се чувствувам како жртва на таа лага“, изјави Гага.

„Но, размислував за тоа. Што е со дете кое беше обвинето за такво нешто, кое би помислило дека јавна личност како мене треба да се срами? Имаше фотошопирани фотографии на Интернет и луѓето велеа: „Знаете дека постојат гласини дека си маж, што имаш да кажеш на тоа?“, се присети Гага.

"Сум бил во ситуации кога корегирањето на гласините не било во најдобар интерес - размислував за доброто на другите луѓе. Затоа во тој случај се обидов да бидам провокативна на друг начин. Се обидов да користам дезинформации", заклучила музичарката.

Расте бројот на жртви во Јабланица, потрага по пет исчезнати лица

Расте бројот на жртвите од полавите во Босна, се трага  по пет исчезнати лица.

Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица - машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.

Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачката екипа со 12 возила - наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

 Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА.

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

притисни ентер