Леклер за дисквалификацијата на Расел по трката во Белгија: Жално е

 Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека не е среќен за третото место на Гран При на Белгија добиено откако Џорџ Расел од Мерцедес беше дисквалификуван.

Дваесет и шестгодишниот Британец победи на етапата во Спа на 28 јули, но по трката беше дисквалификуван поради недоволна тежина на болидот за 1,5 кг. Првото место му припадна на тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон. Втор беше Оскар Пјастри од Мекларен, Леклерк ја затвори првата тројка.

- Се разбира дека никој не сака да се качи на подиумот благодарение на дисквалификацијата на еден од колегите. Мерцедес имаше неверојатна трка. Разликата во тежината очигледно не беше главната причина што му дозволи на Расел да победи. Победија затоа што беа посилниот тим, изјави Леклер за „CRASH“.

Моначанецот истакна дека во такви случаи е тешко да се направи исклучок, а дисквалификацијата на Расел е неправедна.

-Жално е бидејќи тој заврши неверојатна работа, како и Мерцедес, но тоа е дел од трките, додаде тој.

Подоцна Мерцедес ја призна грешката и му се извини на Расел поради фактот што неговиот болид е полесен од дозволеното.

Радев: Нема провокација, сите почести Сиљановска ќе ги добие кога ќе дојде во официјална посета

Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии.

Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии. Ова во изјава за бугарските медиуми го истакна бугарскиот претседател Румен Радев, кој наводите за провокација од бугарска страна ги нарече шпекулации, додавајќи дека официјално Скопје премногу се фокусирало врз формата, а не врз содржината на средбата. Истата ја оцени како контруктивна и во пријателски дух, посочувајќи дека Македонија немала проблем со Бугарија, туку со исполнувањето на условите од преговарачката рамка.

„Нема место за шпекулации со никакви провокации, средбата беше многу конструктивна. Реализиравме еден многу искрен и конструктивен разговор во пријатна атмосфера, назависно од тоа што средбата имаше целосно неформален карактер. Очекувам овој деклариран стремеж за отвореност и конструктивност да биде прифатен и од владата на Македонија, но да биде јасно дека тоа не беше ниту државна, ниту работна посета и јас се надевам дека во многу скоро време претседателката на Македонија ќе дојде и во државна посета на која со сите официјални церемонии по протокол, ќе допринесе за понатамошно развивање на нашите односи“, – Румен Радев, претседател на Бугарија.

Преходно во гостување на бугарската национална телевизија и советникот на Радев, Димитар Стојанов малку зајадливо го бранеше случајот со неистакнувањето на македонското знаме.

„Тоа не е, пак ќе кажам, ниту официјална, ниту државна, ниту работна посета. Дали ако некој државник од соседна држава дојде да пие кафе во Бугарија ние треба да ставиме знамиња во кафулето? Се разбира дека не“, – Димитар Стојанов, Советник во кабинетот на бугарскиот претседател.

Во меѓувреме пак по кадровската промена во македонскиот тим од Мешовитата историска комисија со Бугарија неизвесно е одржувањето на следната средба помеѓу историчарите од двете земји, која беше предвидена за 18-ти или 19-ти месецов. Неофицијално, според извори од Комисијата средбата нема да се одржи во наредните денови, поради тоа што се уште не е официјализиран новоизбраниот состав од македонска страна, иако тој беше утврден на затворена владина седница минатата недела. За кога ќе биде пролонгирана следната средба на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија, од македонскит тим не презиираат, но најверојатно тоа ќе се случи во текот на наредната или понаредната седмица.

Македонското МНР му врачува протестна нота на бугарскиот амбасадор–очекува Софија да се извини

По протестната нота до бугарскиот амбасадор во земјава, Македонија ќе очекува и извинување од официјална Софија за неистакнување на македонското знаме при посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Софија. 

Протестната нота до амбасадорот инаку, нема да биде врачена од министерот Муцунски, туку од страна на директорот на директоратот за регионална соработа – велат извори од МНР. Истите извори додаваат и дека во пресрет на средбата Сиљановска – Радев сите детали биле договорен меѓу кабинетите, односно заедничка средба и фотографирање само во работниот дел од канцеларијата на бугарскиот претседател. Но, протоколот кај нашиот источен сосед остстапил од договореното. Додаваат дека недостигот на реакција од македонска страна во тој момент бил од почит поради авионската несреќа која се случи во Бугарија. Истите извори велат дека биле свесни за ризиците, но останале на своите позиции, а доколку Бугарија не се извини, ќе покаже не европски пристап. На иста линија е и премиерот Христијан Мицкоски.

-Но, она што е поважно за мене е што Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем, таму малку поголема или да бидам прецизен, многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Уште еднашка, Европа и светот можеа да видат дека не е Бугарите во Устав вистинската намера на официјална Софија, туку многу многу повеќе од тоа,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Мицкоски инаку со владина делегација на 19 септември патува за Брисел каде како што велат, извори од МНР на билатерални средби ќе се разговара и за наоѓање на решение за деблокада на македонските евроинтеграции и ќе го отворат прашањето за уставни измени со одложено дејство

-Во дипломатијата нема гаранција за успех, но ќе бараме решение. Сметаме дека Заклучоците не треба да се менуваат за да се применат уставните измени со одложено дејство. Но, потребно е менување на францускиот предлог, односно францускиот предлог плус. Немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка која ќе се бара од нас– велат изворите од МНР.

Сепак, од таму велат дека македонската делегација во Брисел нема да патува со формален предлог за промена на францускиот предлог, туку преку разговори и дијалог ќе се нудат предлози и ќе се бараат решенија.

Перински во Врање: Нови 5,4 мил. евра за проекти за прекугранична соработка-Србија и Македонија

Министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, рече дека новата програма поддржува иницијативи кои поттикнуваат размена и меѓукултурна соработка.

Европската унија е целосно посветена на членството на Србија и Македонија во Унијата и затоа поддржува проекти за прекугранична соработка, беше речено денеска во Врање на презентацијата на првиот повик за предлози за проекти за прекугранична соработка, во вредност од 5,4 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), на која присуствуваа министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, српската министерката за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ, градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жиофре, јави дописникот на МИА од Белград.

-Повикот во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) беше отворен на 5 септември, а сите потенцијални корисници имаат рок до 22 октомври да достават предлози кои преку овој проект ќе бидат кофинансирани од ЕУ со 5,4 милиони евра, соопштија од српското Министерството за евроинтеграции.

Министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, рече дека новата програма поддржува иницијативи кои поттикнуваат размена и меѓукултурна соработка.

-Програмата нуди можност за соработка во туристичкиот сектор на помалку развиените подрачја со оние подрачја кои се поразвиени, изјави Перински, се наведува во соопштението.

Министерот Перински изјави дека ИПА III изнесува 8,4 милиони евра, но дека на овој повик за проекти ќе бидат достапни 5,4 милиони евра.

-Тие пари ќе бидат поделени на два тематски приоритети - вработување и прекугранична социјална инклузија со 2,9 милиони евра, односно поттикнување на туризмот со 2,43 милиони евра, појасни Перински.

Српската министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ рече дека од 2001 година, ЕУ има дадено повеќе од четири милијарди евра грантови за Србија и за Западен Балкан.

-Ваквите проекти за прекугранична соработка имаат за цел да ги промовираат добрососедските односи и да работат на нивно подобрување, имаат за цел да ја промовираат европската интеграција, но најважна цел е да се подобри социјалниот и економскиот развој на терен, каде што тоа најдобро се гледа, рече Мишчевиќ.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, рече дека вредностите на ЕУ се демократија, мир, слобода, посветеност на соработката, дијалог, просперитет и правда.

-Унијата е посветена на членството на Србија и Македонија во ЕУ и сакаме да ја зајакнеме нивната прекугранична соработка, како начин за исполнување на заедничките цели за доброто на сите граѓани и со тоа зајакнување на патот кон просперитет и мир, рече Жиофре.

Градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ, рече дека Врање има намера да аплицира со проекти од областа на туризмот на проектите за прекугранична соработка со Македонија.

Мишчевиќ, Перински и Жиофре ќе посетат и три проекти во Врање кои беа реализирани во рамките на програмата за прекугранична соработка Србија - Македонија и Бугарија - Србија.

Меѓу нив е и посетата на Јавното комунално претпријатие Комрад во чии рамки се реализираше проектот „Подобрување и заштита на здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување преку ефикасно управување со отпадот“. Проектот опфати соработка со четири јавни комунални претпријатија, меѓу кои Комрад од Врање и три различни општини во Северна Македонија, а опфати мапирање и чистење на диви депонии, уредување на зелени површини и обука на околу 1.400 лица.

Министрите на Србија и Македонија ќе го посетат Јавното претпријатие Водовод Врање, кое е вклучено во реализацијата на проектот „Зајакнување на меѓународните односи меѓу Република Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина“.

притисни ентер