Лозановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како со Леонид

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случајот со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДС и ДУИ седум години само местеа тендери и крадеа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случај со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДСМ и ДУИ, седум години само местеа тендери и крадеа.

Владеењето на СДС и ДУИ многу ги чини граѓаните, цената на чинење често во овие седум години се покажа дека е и во човечки животи.

Последен случај е оној со младиот Леонид Индов со кој се сликаа и наводно го пратија на лекување на 6 февруари, но за две недели веќе му рекоа нема да се плати лекувањето.

Фондот за здравствено осигурување вели барањето за Леонид било за извршување медицинска услуга-рехабилитација, а не упатување на лекување, односно законот познавал само лекување, а не и услуги.

Прво, зарем рехабилитацијата не е лекување, а второ, ако треба да се прецизира во закон што правеле седум години.

Дополнително на ова на страна 142 од програмата на СДСМ за парламентарните избори во 2016 година насловена како План за живот, ветуваа Фонд за лекување во странство на деца до 18 години.

Леонид има 18 години, ама Фондот ветен за лекување во 2016 го нема.

Во целиот овој случај, како и во сите други кога станува збор за лекување, поентата е да се делува, да се лекува, а не менаџерите во здравството да се фотографираат со пациентот.

На сите им е јасно дека пари за лекување нема затоа што оваа ненародна власт само крадеше седум години, местеше тендери. Затоа сведочевме на случајот Онокологја, местење на тендери како последниот за РЕК Битола.

Нема да дозволиме наместо Фондот за здравство да обедзбедува средства за лекување, тоа да го прават граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да дозволи вакви злоупотреби на болни лица. Нема да дозволиме никогаш повеќе да се прави пиар од болни лица.

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да се обезбедат средства за лекување, а не да го краде народот како што тоа се случуваше седум години.

Олга Лозановска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Австралиската полиција истражува зошто цел на напаѓачот во ТЦ во Сиднеј биле жени

Австралиската полиција ги истражува причините поради кои цел на напаѓачот во ТЦ во Сиднеј биле главно жени

Австралиската полиција соопшти дека ги истражува причините поради кои цел на напаѓачот со нож во трговски центар во Сиднеј, како што изгледа, првенствено биле жени. Во нападот се убиени пет жени и еден маж.

Сторителот на убиството е 40-годишниот Џоел Каучи, кој, според полицијата, боледувал од ментална болест. Меѓу ранетите во неговиот убиствен поход, најголем број од жртвите се жени.

„За мене и за истражителите е очигледно дека напаѓачот имал за цел жени, а избегнувал мажи“, рече началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Карен Веб, додавајќи дека „снимката зборува сама за себе“ и дека тоа ќе биде „еден чекор од истрагата“.

Каучи со нож усмрти шест лица во преполниот трговски центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ во источното предградие на Сиднеј, каде се наоѓа познатата плажа Бонди, а полицијата го уби. Веб рече дека не може да знае што случувало во неговата глава и дека истражителите ќе ги испрашуваат тие кои го познавале. Неговиот Фејсбук профил покажува дека е од Тувумба, недалеку од Бризбејн и дека таму посетувал средно училиште и факултет.

Неговите родители рекоа дека тој страдал од ментална болест уште од адолесценцијата. Денеска, како негова шеста жртва е идентификувана млада Кинеска, студентка на Универзитетот во Сиднеј, Јиџуан Ченг.

Останатите жени се стилистка, спасувачка на море, ќерка на претприемач и мајка на деветмесечно бебе кое е тешко повредено, а убиениот 30-годишен маж Фараз Тахир е вработен во обезбедувањето во трговскиот центар, кој се обидел да го спречи во убиствениот поход.

Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.

Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

притисни ентер