Македонските иселеници од Италија благодарни за честа од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателот на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши, преку објава искажува голема  благодарност  за покажаната чест и почит.

Претседателот на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши, кој ја предводеше делегацијата на македонските иселеници во Италија на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Рим, преку објава искажува голема благодарност за покажаната чест и почит.

- Уште еднаш голема благодарност до нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за срдечната средба. Во име на нашинците во Италија можам да кажам само едно дека таа е „Голем човек со огромно срце“, напиша тој меѓу другото во објава на социјалните мрежи.

Додава дека високо ја ценат благодарноста што таа ја изнела на средбата за нивниот, како што рекла, силен придонес кон унапредувањето и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.

Според Шемши, кој е родум од село Коџаџик, општина Центар Жупа и веќе три децении со семејството живее во Венеција, Италија, во оваа земја живее многубројна македонска заедница. Само од поширокиот дебарски регион Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше има над 10 илјади иселеници.

Дел од нив, меѓу нив и Шемши, успешно се интегрирале во италијанското општество и се успешни стопанственици, кои се подготвени да инвестираат во родниот крај.

По негова иницијатива во 2022 година беше формирана македонско-италијанската асоцијација „АПИ НОРДЕСТ“, по што со поддршка на генералниот конзул во Венеција, Стојан Витанов на 9 и 10 јуни истата година беа одржани два бизнис форуми, во Тревизо и Венеција.

Лунин се извини по катастрофалниот пораз од Романија

Голманот на украинската репрезентација Андреј Лунин се извини за поразот од Романија (0:3) во првото коло на групниот турнир на Евро 2024 година.

-Сакам да му се извинам на тимот, на сите. Уште не е готово. Немаме избор, треба брзо да се опоравиме, да се префрлиме на следниот натпревар, да направиме се што е можно и невозможно за да стигнеме понатаму, изјави Лунин за украинските медиуми.

Голманот на Реал Мадрид беше виновник за два од примените три гола.

Во следниот натпревар Украина ќе игра против Словачка на 21 јуни. /МИА

In memoriam: Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

Синоќа на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. 

Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско.

Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Продолжува да ја гради професијата Македонската радио телевизија, основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот

 Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година.

Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем. /МИА

притисни ентер