Мараја Кери доживеа страшна лична трагедија минатиот месец

 – Пејачката едвај ја преживеала семејната трагедија

Мараја Кери вели дека „срцето ѝ е скршено“.

Пејачката Мараја Кери доживеа страшна лична трагедија минатиот месец, кога во ист ден ги загуби нејзината мајка Патриша и сестрата Алисон. Во емотивното интервју за магазинот „Пипл“, Кери ја сподели болната вест:

- Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен сплет на околности, истиот ден животот го загуби и мојата сестра.

Пејачката во интервјуто истакнува колку ѝ значело тоа што последната недела од животот на мајка си, ја поминала со неа.

-Се чувствувам благословена што имав можност да бидам со неа во нејзините последни моменти, признава Кери. Таа, исто така, изразува благодарност за поддршката и почитувањето на приватноста во овие тешки моменти.

Марија имаше комплициран однос со семејството

Патриша Кери беше оперска пејачка и вокален тренер, таа одигра значајна улога во животот и кариерата на Мараја. Патриша рано се развела од таткото на Мараја, Алфред Рој Кери, а односот со Мараја честопати беше комплициран. Во своите мемоари „The Meaning Of Mariah Carey“ од 2020 година, Кери ја опишува нивната врска како „бодликава жица на гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување“, пренесува Azra.ba.

Врската на Мараја Кери со нејзината сестра Алисон била уште покомплицирана. Алисон дури ја тужеше Мараја Кери поради тврдењата за злоставување во нејзините мемоари. Кери претходно во истите мемоари признава дека „емотивно и физички е побезбедно да нема никаков контакт со неа“.

Деталите за околностите на смртта на Патриша и Алисон сè уште се непознати, пејачката замоли за почитување на приватноста додека се бори со загубата на своите најблиски.

Таа преку видео на нејзиниот Инстаграм профил им се заблагодари на бројните обожаватели за љубовта и поддршката во изминатите недели, и додавајќи дека „се враќа на работа“, таа порача:

„Едвај чекам да ги видам моите фанови во Кина и Бразил. Ве сакам“!

Извор: srecna.republika.rs

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

 Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови, откако минатиот месец беа детонирани уреди користени од либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат кон, од или преку Дубаи им е забрането да пренесуваат пејџери и воки-токи во пријавениот или рачниот багаж“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата објавено на нејзината веб-страница.

Се додава дека сите забранети предмети ќе бидат запленети од полицијата на Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радио уреди кои ги користеле припадници на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека за нападот е одговарен Израел, иако тој не презеде одговорност.

Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток исто така објави дека летовите за Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, додека летовите за Јордан ќе бидат обновени утре.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах, вклучувајќи напади во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании исто така ги суспендираа летовите за Бејрут и други регионални аеродроми поради зголемените тензии. /MИА

Синер ја запроси руската тенисерка Калинскаја

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според „Кориере“ 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк. Таа се согласила.

Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот на сезоната.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е победник на два Грен слем турнири (Australian Open 2024 и US Open 2024). Вкупно има 17 АТП титули (од нив 16 во сингл).

Калинскаја освои три ВТА турнири во двојки во текот на нејзината кариера.

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју емитувано на радио „Франс Интер“ изјави дека „приоритет е враќање на политичкото решение“ за конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот претседател притоа побара прекин на испораките на оружје за Израел, кое се користи во конфликтот во окупираниот Појас Газа, пренесува порталот БФМ ТВ.

- Мислам дека денес приоритет е да се вратиме на политичко решение и да престанеме да испорачуваме оружје за водење борби во Газа, изјави Макрон./МИА

притисни ентер