Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка

Маск недвосмислено укажа дека „претседателот Трамп мора да победи за да се зачува Уставот. 

Милијардерот Илон Маск се обрати синоќа на митингот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, изразувајќи подршка за поранешниот претседател. Митингот се одржа во Батлер, Пенсилванија, на истото место каде во јули имаше обид за атентат врз Трамп.

Трамп го преживеа атентатот, што го поттикна Маск неколку минути подоцна да објави дека ја дава својат подршка зе него.

Носејќи темна капа со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема“ и нарекувајќи се „Темниот МАГА,“ Маск ја повтори мантрата на Трамп „Борба, борба, борба“ и ги повика присутните да се регистрираат за гласање.

-Не постои поголем тест од тоа да се биде храбар под оган, рече Маск, кој помогна во креацијата политички комитет за акција кој вложува милиони за поддршка на Трамп на изборите.

„Другата страна сака да ви го одземе правото на слободен говор, сакаат да ви го одземат правото на носење оружје, сакаат да ви го одземат правото на ефикасно гласање“, рече Маск, што според многумина набљудувачи се неосновани тврдења што ги промовирал на социјалните мрежи.

Маск недвосмислено укажа дека „претседателот Трамп мора да победи за да се зачува Уставот. Тој мора да победи за да ја зачува демократијата во Америка.“

Веднаш по обраќањето тој објави соопштение на Х.

„Ова се најважните избори во вашиот живот. И остануваат само два дена да се регистрирате да гласате во Аризона и Џорџија. Осигурајте се дека секој што ги знаете и кои го среќавате да се регистрираат да гласаат. Судбината на нашата земја е ставена на коцка“, порача Маск.

Маск е сопственикот на X, социјална мрежа претходно позната како Твитер, и кога ја купи вети дека ќе ја врати „слободата на говор“ на сајтот, но на платформата сè повеќе изразува крајно десничарски ставови и ги насочува корисниците кон своја страна./МИА

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер