Масното ткиво на еден дел од телото може да биде опасно, па и кај оние кои не се гојазни

Иако сите добро знаеме дека вишокот килограми и дебелината придонесуваат за зголемен ризик од бројни здравствени проблеми, лекарите тврдат дека мастите на еден дел од телото можат да бидат исто толку опасни.

Имено, тоа е таканаречената висцерална маст која најчесто се таложи на стомакот.

Според Health Direct, овој тип на маснотии на стомакот е знак на метаболички синдром, група на нарушувања кои вклучуваат висок крвен притисок, дебелина, висок холестерол и отпорност на инсулин. Заедно, тие го зголемуваат ризикот од мозочен удар, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Сепак, овој тип на маснотии се таложи и кај послабите луѓе.

Една неодамнешна студија во која учествуваа неколку стотици Британци на возраст од 40 до 69 години, а резултатите беа објавени во списанието на Американското здружение за срце, покажа дека жените кои имаат повеќе масти во овој дел од телото се соочуваат со 20 отсто поголем ризик од срцев удар, во споредба со оние кои имаат иста тежина, но немаат масти.

Почнува новата сезона во АБА лигата

Со дуелот меѓу Сплит и СЦ Дерби денеска почнува натпреварувачкиот дел во регионалната кошаркарска АБА лига во која по испаѓањето на МЗТ Скопје Аеродром сезонава нема да има претставник на македонската клупска кошарка.

Титулата ја брани белградски Партизан кој минатата сезона во финалето го совлада градскиот ривал Црвена ѕвезда со 3-2.

Преостанатите двојки од воведното коло кое ќе финишира в понеделник се Цедевита – Мега, Будуќност – Задар, Игокеа – Црвена ѕвезда, Борац – Цибона, ФМП – Крка и Партизан – Морнар.

Пласман во плејофот ќе обезбедат првите осум пласирани екипи.

Четвртфиналните и полуфиналните серии ќе се играат до две победи, а финалната серија до три победи.

Зошто такси возилата во Германија се во беж боја?

Германските таксиња се беж - но не отсекогаш.

Првично, такси возилата во Германија не биле беж, туку црни, но на тоа му дошло крајот во 1971 година. Такси возилата во многу земји се жолти, во некои црвени или дури светло сини, додека во други земји воопшто нема регулативи.

Ова го наредил тогашниот сојузен министер за транспорт Георг Лебер, а новата боја требало да биде „светла слонова коска“. По петгодишен преоден период, сите црни такси возила требало да исчезнат од германските улици, што и се случи.

Кои се причините за таа одлука? Нечистотиите и малите дамки не паѓаат во око толку брзо на беж како на црно, таксито изгледа поуредно, а во годините пред да се постави клима во автомобилите, било доста жешко во црните такси возила, пишува „RevijaHak“.

Сепак, уште поважно е што оваа боја, за разлика од црната, дотогаш не се користела за лични автомобили. Како и да е, се чини дека една од големите грижи на Лебер е решена, бидејќи тој успеал да ја зголеми безбедноста на патиштата со беж такси возилата.

Извор: Б92

Фламенго по само пет месеци го отпушти Сампаоли

 Бразилскиот прволигаш Фламенго објави синоќа дека ја раскина соработката со аргентинскиот фудбалски стратег Хорхе Сампаоли по неуспехот во финалето на бразилскиот куп против Сао Паоло (0-1, 1-1).

-Тренерот Хорхе Сампаоли и неговиот стручен тим веќе нема да го водат црвено – црниот тим, објави Фламенго на социјалните мрежи, посакувајќи му на аргентинскиот стратег „среќа“ во продолжението на кариерата.

Сампаоли е отпуштен по само пет месеци откако дојде во Фламенго од редовите на шпанска Севиља, каде, исто така, претходниот ангажман му траеше пет месеци.

Сампаоли со Фламенго потпиша договор до крајот на 2024 година, и според локалните медиуми, клубот поради предвремениот раскин на соработката ќе треба да плати обесштетување од 1,8 милиони евра.

Медиумите наведуваат дека главен кандидат за наследник на Сампаоли на клупата на клубот од Рио де Жанеиро е поранешниот бразилски селектор Тите.

притисни ентер