Мечка влезе во ресторан и учтиво седна на маса- келнерите не се појавија (ВИДЕО)

Видеото е снимено на 16 мај во планинско одморалиште во градот Гетлинберг (Тенеси), а видеото стана вирално на мрежите.

Имено, шумската ѕверка сакала да се „интегрира во општеството“, па учтиво влегла во ресторан, седнала на стол и се послужила со остатоците.

Кој знае, можеби мечката сакала да порача нешто од менито, но од келнерот нема ни трага ни глас.

Останува нејасно како животното било избркано, бидејќи снимањето е прекинато, а во позадина се слуша глас кој ги предупредува гостите „да се преместат на безбедно растојание“.

Македонија на затворена седница на владата ќе донесе нов пакет помош за Украина

Македонија на затворена седница на владата ќе донесе нов пакет помош за Украина. 

Ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната конференцијата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: безбедносни предизвици за Европа“ на која учествуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација,Стефан Андоновски, како и амбасадорот на Германија, Петра Дрекслер.

Иницијативата, собра на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

Апсења во Германија и Полска поради осомничен десничарски екстремизам

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска.

Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна во ноември 2020 година.

- Ова е милитантна група составена од 15 до 20 луѓе, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на обвинителството.

Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. 

Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите се уште се борат за животот на повредените.

-Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае, изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Претставниците на активистичката група СвиЌе најавија дека за денешниот протест се планирани симболични активности и додадоа дека ќе одат „во се порадикални акции“.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ вчера поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

притисни ентер