Медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп

Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп и да поднесе оставка.

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој води два случаи против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се очекува да ги прекине истрагите и да поднесе оставка пред идниот претседател да го разреши, пренесоа американските медиуми, јави ДПА.

За време на неговата кампања, Трамп рече дека ќе го разреши Смит „за две секунди“, но според информациите на Њујорк Тајмс и Вашингтон пост, обвинителот ќе поднесе оставка пред тоа.

Практиката на американското Министерство за правда е да не ги истражува актуелните претседатели, посочува ДПА. Обемот на таа практика неодамна беше проширен со одлука на Врховниот суд.

Смит побара од судот во Флорида да му даде рок до 2 декември да ги разгледа „околностите без преседан“, објавија Политико и Фокс Њуз, повикувајќи се на судски документи.

Трамп беше обвинет во Флорида за наводно незаконско задржување доверливи документи по завршувањето на неговиот мандат и попречување на истрагите. Во јули, Смит побара повторно судење откако судијата претходно го одложи. Дури и пред реизборот на Трамп минатата недела, не беше јасно како ќе продолжи случајот.

Трамп, исто така, беше обвинет во Вашингтон за обид за изборна измама, како и за неговата улога во упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Смит мора да го информира тамошниот суд до 2 декември како има намера да постапи и во овој случај.

Трамп синоќа објави дека ќе го замени актуелниот државен обвинител Мерик Гарланд со десничарскиот тврдокорен Мет Гејц, кој и самиот е предмет на истрага на Министерството за правда за трговија со луѓе и секс со малолетнички.

Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека, автоделови.....

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, меѓу коишто накит, рачни часовници, цигари, тутун, девизи, автоделови, облека, техничка стока, суплементи, кафе во зрно и фалсификати.

- 19 парчиња накит (SWAROVSKI и COEUR.DE) и рачен часовник ESPIRIT, со вредност од околу 120.000 денари и избегнати давачки во износ од 42.132 денари, биле пронајдени кај патничка која допатувала со лет од Базел; 5 парчиња накит (прстени и нараквици) и 3 рачни часовници од марките ROLEX и CITIZEN, биле пронајдени кај патник кој допатувал со лет од Виена. Во два одвоени случаи на Меѓународниот аеродром Скопје откриени се 24 парчиња накит и 4 рачни часовници се откриени при контрола на патните торби на двајца македонски државјани.

-Од страна на мобилните царински тимови во фабрички празнини на автобус со македонски регистарски таблички во два куфери при влез во државата на граничниот премин Деве Баир пронајдени се 23 штеки цигари Parliament aqua blue, без акцизни маркички.

-Во два одделни случаи на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на багажот откриени се 72 штеки цигари, од кои: 32 штеки цигари MARLBORO, PALL MALL, DAVIDOF и WINSTON, и 1500 грама тутун GOLDEN VIRGINIA, со македонски акцизни маркички, со вредност од 53.875 денар и 40 штеки цигари MARLBORO и MAYFAIR SKY BLUE, со косовски акцизни маркички, со вредност од 60.000 денари.

-Царински службеници во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи на пазар во Скопје одзедоа 23,850 килограми сецкан тутун за пушење и 18 штеки цигари за кои продавачот не поседувал документи за платени царински и акцизни давачки.

-При личен претрес на патник кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце пронајдени се 4.000 швајцарски франци. Патникот пријавил дека носи со себе 9.900 швајцарски франци, но при претресот биле пронајдени уште 4.100 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 швајцарски франци.

-Мобилните царински тимови при контрола на автобус со македонски регистарски таблички во внатрешноста на куфер сопственост на возачот, откриле 25.550 евра, од кои 10.000 евра му биле вратени на возачот согласно законските прописи, а 15.550 евра се задржани.

- Во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, пронајден е и задржан менувач за патничко возило Audi Q5.

-114 парчиња разни авто-делови (греачи, стабилизатори, свеќички, црева за вода, филтри за гориво и друго) биле пронајдени во прегради во кабината и прегради на вратите од кабината на камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Блато. Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 64.150 денари.

- На граничниот премин Табановце автопат биле пронајдени: 1 употребуван моторцикл Yamaha во делови, 1 нов професионален апарат за индукциско греење Telwin Smart Inductor 5000 и 6 употребувани волани за патнички возила во багажникот на минибус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата.

- На граничниот премин Делчево во два одвоени случаи при контрола на два автомобили управувани од македонски државјани, пријавени за излез од државата откриени се 2 комплети бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи возачите изјавиле дека табличките ги носат во Бугарија да ги одјават, а возилата на кои припаѓале биле продадени во отпад без претходно да бидат увозно оцаринети и платени увозни давачки.

-Царински службеници спречија повеќе обиди за шверц на разна стока, меѓу којашто 124 парчиња облека и 12 женски чанти на граничниот премин Делчево. На граничниот премин Ново Село во багажникот и под седиштата на автомобил, пријавен за влез во државата пронајдени се 21 парче облека. На граничниот премин Табановце автопат во багажникот и позади предните седишта на автомобил откриени се 14 машки јакни од познати светски брендови, со вредност од 810.000 денари и избегнати давачки во износ од 313.065 денари.

-Од страна на Службата за мобилни скенери во повеќе одделни случаи откриени се 1 нова справа за веслање и 4 употребувани технички производи (телевизор, машини за садови и машина за алишта), 50 терморегулатори за печки на пелети, 4 греалки на гас и 1 електрична греалка, 1 костум за маскирање и 4.410 капсули и 1,82 килограми разни суплементи.

-6,1 килограми кафе во зрно од марките BONCAMPO и INCAROM, 111 парчиња миризливи свеќи, 20 пакувања влажни шамивчиња, и 64 парчиња облека се пронајдени во повеќе торби и куфери во автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Од страна на мобилните царински тимови во царинската испостава Куманово откриена е и запленета е стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост:

- 4.080 играчки и школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки, со пријавена вредност од 225.057 денари биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена со две декларации за увозно царинење во царинската испостава Куманово.

- 180 пластични играчки со ознаки на заштитени трговски марки со пријавена вредност од 28.000 денари се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.

Царинска управа

Косовското Специјално обвинителство сè уште собира докази за нападот врз каналот Ибар-Лепенец

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека ја продолжува истрагата за собирање на докази за нападот од 29 ноември врз каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток.

Шефицата на Одделението за јавна комуникација на Канцеларијата на главниот обвинител, Лиридона Козмаќи изјави дека двајца осомничени се во притвор поради вмешаност во нападот.

Обвинетите се сомничат за кривични дела – загрозување на уставниот поредок со уништување или оштетување јавни инсталации и уреди, извршување терористички акт и недозволено поседување оружје.

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу изјави дека во истрагата за нападот во Зубин Поток се одржува комуникација и со меѓународните партнери.

Ние сме во постојана комуникација со нашите меѓународни партнери. Ја поздравуваме нивната поддршка за целосна истрага за нападот на 29 ноември, посочи рече Криесиу. /МИА

Скопјани добија новогодишна елка

20тина дена пред дочекот на Новата година, скопјани добија новогодишна елка. Елката е поставена на црвена платформа над пропадната фонтана на градскиот плоштад. 

Таму пак за разлика од изминатите денови, може да се почувствува поголема раздвиженост, а најрадосни и најљубопитни се најмладите. Пред неколку денови беа поставени и дрвените куќички, а поставени се сијалички долж ул. „Македонија“

- Главниот град почна да се украсува, поставена е и новогодишна елка на градскиот плоштад, иако скромна сепак придонесе да се зголеми новогодишната еуфорија кај граѓаните.

Дел од нив пред камерата на Канал 5 кажаа дека иако им се допаднало тоа што скопскиот плоштад добил елка, сметаат дека треба да се направи повеќе. Други пак велат споредбено со годините наназад, сликата денеска не им се допаѓа. Велат и дека воопшто не се информирани ниту дали ќе има новогодишен дочек на плоштадот.

- Едвај чекавме барем нешто да се направи за Скопје, ете елката сега ја видовме се израдувавме, а другото кога ќе биде како ќе дочекаме ли само главната знае за тоа кога ќе се одлучи. Треба да е многу накитено да привлечеме и странци и луѓе да нешто го збогатиме угледот на нашиот главен град.

- Овде во овој дел воопшто не ми се допаѓа, кога ќе споредам во минатото како беше ова е страшно.

- Сега ја гледам се сликав тука пред елката, многу убаво направена сега уште треба вака младите јас сум стар човек да личи дека е главен град.

Но, се уште не е познато кој го украсува Скопје и колку чини украсувањето. Канал 5 упати прашање и до Градот, но одговор оттаму не добивме. На веб-страната на Бирото за јавни набавки до овој момент нема објавено тендер за новогодишно украсување, додека на веб-страната на Град Скопје беше објавен само јавен повик за организирање на новогодишен базар кој не го вклучува украсувањето.

Минатата година градот беше украсен без тендер, а градоначалничката Арсовска само кажа дека биле потрошени 30.000 евра, без да посочи како се исплатени парите. За овој случај предмет оформи и Финансиската полиција, за кој до денеска нема никаков исход.

Меѓу поставените прашања на кои досега не добивме одговор беше и тоа дали се планира организирање на новогодишен дочек или некакви празнични настани на плоштадот.

притисни ентер