Меџити го разреши раководителот на кардиохирургија кој ја водеше првата трансплантација на срце

Директорот на клиниката за кардиохирургија професор Сашко Јовев е разрешен од министерот за здравство Фатмир Меџити. 

На место на професорот Јовев ќе дојде доктор кардиолог вработен во тетовската болница, дознава Канал 5. Засега решението се уште не му врачено на професорот Јовев бидејќи тој е на боледување. Меџити не ја откри причината за разрешувањето, кажа само дека имало нерегуларности, и дека медиумите тие информации ќе ги добијат од службите.

Министерот вели дека ќе има промена и на други директорски места и дека од 2024 година ќе има раковдители во болниците а ќе има еден клинички диркторк во клиничкиот центар Мајка Тереза.

Кардиохирургот Сашко Јовев со тим од неколку клиники ја направи рвата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце. Јовев лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во држвата.

Калифорнија: Големо зголемување на саатницата во рестораните за брза храна

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. 

Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, со што Калифорнија веќе била блиску до врвот.

За споредба, типичниот вработен во ресторан за брза храна во САД минатата година заработил 13,43 долари на час. Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери кои бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет што не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува на сила од април, а се однесува на рестораните кои имаат најмалку 60 продажни места низ целата земја, пишува „Sky News“.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна низ Калифорнија. Се формира и нов совет кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5% секоја година.

Политичарите во Калифорнија се свртеа кон други индустрии по овој потек и усвоија закон со кој постепено ќе се зголеми минималната плата за час за здравствените работници на 25 долари на час. Во другите сектори, федералната минимална плата е непроменета на 7,25 долари на час од 2009 година, или 15.080 долари годишно за некој што работи 40 часа неделно.

Извор: Индекс.хр

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

Ј.П. Градски паркинг – Скопје: Од недела започнува зимско сметање на работното време

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопј

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата, стои во соопштението од Ј.П. Градски паркинг – Скопје,

притисни ентер