Медведев се откажа од одбрана на титулата во Доха

Рускиот тенисер Данил Медведев нема да ја брани титулата на АТП турнирот „Катар Опен“ од серијата 250 што идната недела ќе се одржи во Доха, наведувајќи како причина повреда на стапалото.

Медведев од истата причина не се појави на овонеделниот АТП 500 турнир во Ротердам каде, исто така, требаше да ја брани титулата освоена лани.

„За жал, не сум во состојба да ја бранам титулата во Доха оваа година. Сè уште не сум сто отсто подготвен за натпреварување“, порача рускиот тенисер во објава на Инстаграм.

Покрај Медведев, настапот во Доха претходно го откажа и шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој, исто така, се рехабилитира од повреда.

Женската репрезентација на Канада по 13 пат светски шампион во хокеј

Хокеарките на Канада ги победија САД ноќеска во финалето на Светското првенство во 2024 година и го освоија трофејот.

Натпреварот се одигра во Јутика, САД и заврши со резултат 6:5, по продолжение.

Кај Канаѓаните два гола постигна Ерин Амброуз, додека Џулија Гослинг, Емили Кларк, Даниел Сердачни и Мари-Филип Пулин имаа по една реализација. Головите за Америка ги постигнаа Лејла Едвардс, Меган Келер, Александра Карпентер, Хилари Хант и Керолин Харви.

Во мечот за третото место Финска ја победи Чешка со 3:2.

Репрезентацијата на Канада стана светски шампион по 13-ти пат. САД имаат 10 победи на Мундијалите. Ниту една друга репрезентација досега не го освоила Светското првенство.

ЈП Водовод и канализација–Скопје- лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.04.2024 до 12.04.2024 зема 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Казни за 85 возачи на територија на Свети Николе и Пробиштип

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 17 часот во сообраќајна контрола на територија на Свети Николе и Пробиштип казнети се 85 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од вкупниот број санкции, 12 се за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители, се додава во соопштението, изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер