Мемоарите на Бритни Спирс ќе бидат адаптирани во филм

Мемоарите на Бритни Спирс „The Woman In Me“ ќе бидат адаптирани во филм.

Universal Pictures ги доби правата за книгата на аукција помалку од една година откако книгата се појави на полиците. Во проектот беа вклучени режисерот Џон М. Чу и продуцентот Марк Плат, пишува Variety.

Спирс подоцна ја потврди веста на социјалните мрежи. „Возбудена сум што можам да споделам со моите обожаватели дека работам на таен проект со Марк Плат. Тој секогаш ги правеше моите омилени филмови... останете во тек.“

„Жената во мене“ беше огромен успех по објавувањето и се продаде во над 2,5 милиони копии само во САД, надминувајќи еден милион копии ширум светот во првата недела.

Книгата содржеше голем број значајни откритија во нејзината искрена дискусија за нејзината кариера, врски и лични искуства. Една од најзначајните беше тоа што таа имала абортус додека била во врска со Џастин Тимберлејк помеѓу 1998 и 2002 година, пишува NME.

Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.

- Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи .

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи откако репрезентативните синдикати на просветните работници не го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите од јануари за 12 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Четири репрезентативни синдикати во Србија - Синдикатот на просветните работници на Србија, Синдикатот на образованието на Србија, ГСПРС „Независност“ и Синдикатот на просветните работници на Србија бараат Владата да ја изедначи почетната плата на дипломираните наставниците со просечната плата во Србија, да им исплати новогодишен бонус и итно да донесат измени на законот со кои ќе се зголеми заштитата на наставниот кадар од се почестите напади од ученици и родители.

Претседателот на Форумот на средните стручни училишта, Милорад Антиќ, за новинарите изјави дека просветните работници само бараат да имаат иста просечна плата како и другите вработени во земјата и да им се гарантира законски безбедноста во образовните институции каде што работат. Просветарите го изразија своето незадоволство и од досегашните преговори со претставници на Владата за зголемување на платите.

Форумот на белградските средни училишта во соопштението наведува дека Главниот одбор на таа организација одлучил да го поддржи штрајкот не само затоа што се незадоволни од решенијата што ги нуди владата, туку и поради лицемерниот обид на претставници на министерствата за финансии и образование за поделба на вработените на наставен и ненаставен кадар.

Просветните работници порачаа дека доколку не им се исполнат барањата на 2 октомври, повторно ќе штрајкуваат.

-Ова е нашиот крик, доста е, изјави Снежана Романдиќ од Синдикатот на просветните работници на Србија за Н1 по протестот во Белград.

Романдиќ рече дека според проценките на синдикатот во Белград, во штрајкот учествувале околу 70 отсто од училиштата.

Ловрен потпиша за грчки ПАОК

Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен е нов фудбалер на грчкиот шампион ПАОК.

Ловрен се пресели во солунскиот клуб без обесштетување, откако постигна договор со француски Олимпик Лион за предвремен раскин на соработката.

Претходно во кариерата, 35-годишниот Ловрен настапуваше Ливерпул, Саутемптон, Динамо Загреб, Интер Запрешиќ и Зенит од Санкт Петербург.

За хрватската репрезентација Ловрен одигра 78 натпревари и постигна пет голови.

притисни ентер