Mercedes, BMW и VW се откажаа од амбициозен план- последиците ќе бидат големи

Целта беше амбициозна: Mercedes-Benz планираше да произведува само е-автомобили од 2030 година.

Целта беше амбициозна: Mercedes-Benz планираше да произведува само е-автомобили од 2030 година, а веќе во следната година германскиот производител планираше да продаде ист број чисти е-автомобили и plug-in хибриди како оние возила со мотор со внатрешно согорување.

Но, Мерцедес е многу далеку од постигнување на таа цел. Стратегијата „Само електрични“ ја „погреба“ лично шефот на Мерцедес, Ола Калениус, веќе во февруари оваа година, а компанијата од Штутгарт го суспендираше воспоставувањето на нова платформа само за електрични возила.

„Во наредните години ќе ги има и двете: електрични автомобили и ултрамодерни електрифицирани модели со внатрешно согорување. И ако побарувачката е доволно висока, ќе биде длабоко во 2030-тите“, рече Келениус пред две недели на Генералното собрание на компанијата – и со тоа всушност уште еднаш јавно ја призна можеби најголемата погрешна пресметка во поновата историја на Мерцедес, пишува Дојче веле.

Имено, бројките на продадени електрични возила стагнираат. Уделот на целосно електричните автомобили во вкупниот број регистрирани нови возила во првиот квартал од годинава во Мерцедес изнесува околу десет проценти - исто како и лани. Со хибридите, е-автомобилите во Mercedes имаат удел од околу 10% во глобалниот биланс, што е многу далеку од прокламираната цел (50%) до 2025 година.

И ова има последици: компанијата го запре развојот на нова платформа за електрични возила. Во автомобилската индустрија, платформите се нешто како градежни комплети, врз кои се создаваат нови автомобили. Досега платформите за електрични возила и класичните модели со внатрешно согорување беа исти - без разлика дали беа бензински, дизел, електрични модели или хибриди, се работеше на иста подвижна лента, основната конструкција беше иста за сите модели , а во зависност од типот на возилото, во нив е вграден соодветен погон.

Платформата „MB.EA-Large“ требаше да го промени тоа: за прв пат требаше да овозможи дури и големи луксузни модели да се склопуваат од темел во верзија со е-мотор и тоа со зголемување на ефикасноста, на пример во доменот на подобра, посилна батерија. Тоа беше амбициозен проект, инвестиција во иднината на компанијата - но и скап проект. Премногу скап за сегашните податоци за (слабата) продажба на електрични модели.

За јавниот медиумски сервис SWR од Mercedes беше потврдено дека компанијата во секој случај сака да инвестира во е-мобилност во иднина. Во моментов, како што е официјално соопштено, под прашалник е само споменатата платформа, но не и е-автомобилите како такви. Mercedes, како што е потврдено, ќе продолжи со понатамошен развој на батерии, мотори или софтвер.

Mercedes всушност само го следи трендот во автомобилската индустрија. Дури и BMW, по сопствено признание, не се откажува од моторите со внатрешно согорување, слична е ситуацијата и со VW. И тоа и покрај фактот што бројките на Volkswagen (продадени возила) се значително подобри од оние на Mercedes. Дали е загрозен крајот на планираната зелена транзиција во секторот за е-мобилност?

Производителите на автомобили реагираат само на желби на клиентите, вели автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхофер во интервју за tagesschau.de. А клиентите во моментов се несигурни, и тоа многу - поради политичките дејствија, вели тој. „Има многу негативни пораки кои доаѓаат од политичкиот домен, поради овие пораки клиентите станаа повнимателни“, вели Дуденхофер.

Како пример, тој го наведува наглото суспендирање на субвенциите за е-автомобили од федералната влада непосредно пред Божиќ минатата година. Односно, медиумската помпа што уследи по најавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека треба да се преиспита веќе донесената забрана за продажба на бензински и дизел мотори од 2035 година во Европската унија. Сето тоа негативно се одразува на продажбата на е-возила, додава германскиот експерт.

А дополнително, во автомобилската индустрија владее неизвесност поради заканувачкиот трговски конфликт со Кина. САД веќе воведоа казнени тарифи од 100% за е-возилата од Кина, поради можно нарушување на пазарната конкуренција. Во ЕУ има се погласни барања да се следи примерот на Американците. Експертите, од друга страна, предупредуваат на можноста за таканаречена „спирала на казнени тарифи“: доколку Кина воведе и специјални царини, тоа би можело да има значителни последици за германските производители на автомобили. Имено, Кина е можеби најважниот единствен пазар во моментов - особено во секторот за електромобилност.

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

притисни ентер