Мицкоски и Муцунски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.

На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување, стои во објавата на Мицкоски.

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба.

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба, затоа што самите дописи изобилуваат со уличарски и непристоен речник, несвојствен за „менаџерка" како Данела Арсовска.

И тука не станува збор за лаги, манипулации, туку за почутување на сопствениот календар за поднесување на предлог буџет.

Не знаеме каде заглавил буџетот, во канцеларијата на еден сметководител во Ѓорче, или кај блиски роднина на Арсовска, или во нечиј штаб близок до Арсовска, но знаеме дека предлог буџет нема. Во прилог документот дека е пробиен рокот за поднесување на буџетот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер