Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш

Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија.

Нова ветерна фарма помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, која треба да произведува приближно 20 % од целокупното производство на струја во земјава е прва директна странска инвестиција на идната Влада, која денеска од Македонскиот енергетски форум ја најави мандатарот Христијан Мицкоски.

Тој уште еднаш потенцираше дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада. Вели не смееме да го потцениме и поткопаме енергетскиот потенцијал на земјава, македонскиот пазар е важен и за регионот и пошироко.

„Се предвидува производство на електрична енергија приближно 1 терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија. “-Христијан Мицкоски – мандатар за состав на нова Влада.

Американската амбасадорка Анџела Агелер со порака дека мора час поскоро да се заврши интерконекторот кој ќе ја поврзе Македонија со јужниот сосед. Според неа приоритет на новата Влада треба да биде енергетската сиругност и зелената енергија, кој треба да ги надминат паритските политики.

„Овој извор на природен гас ќе ги елеминира прво зависноста од Русија, како и заканите на одредени прекини во снабдување со гас. Со интерконекорот или гасоводот Македонија исто така може да гради и централи кои што се со погон на гас и да може да ја олесни транзицијата на земјата од јаглен кон други извори ...“- Анџела Агелер – амбасадорка на САД во земјава

Замената на фосилните горива со обновливи изврои на енергија не е ниту брз ниту лесен процес, но заеднички на правичен начин можеме да ја направиме оваа значјна трназиција, порача евроамбасадорот Дејвид Гир. Македонија на хратија има многу сега е важно да се фокусира на имплементација – додава Гир.

„Многу ќе биде важно итно да се усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди, европското законодавство во областа на обновливи извори, како и енергертска ефикасност за да држиме чекор со развојните трендови на ЕУ.“- Дејвид Гир – ЕУ амбасадор

Скопје е домаќин на 7oт по ред Македонски енергетски форум во организација на Делегацијата на ЕУ во земјава и ЗИП институтот во партнерсво со Фонадации Отворено Општество Западен Балкан. На денешниот форум присустувуваа повеќе од 400 гости од земјава и регионот.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер