Мицкоски: Во име на огромно мнозинство на народот,на лидерската ќе кажам „не“ за Уставни измени

Јас Христијан Мицкоски ќе дојдам на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе кажам дека Уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има. 

„Јас нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси. Македонија не е на распродажба....

И затоа ви велам дека ќе направам се за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти од политичките партии во државата од било која провенинција само за да ДУИ оди во опозиција, а криминалците од сегашната влада одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам.“ , рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибината „Развојни политики за стабилна економија“ во Велес.

Лавров: САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан во „московски формат“ кој се одржува во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во врска со тоа, блокадата на авганистанските сметки што ја спроведува Вашингтон е контрапродуктивна и само ја отежнува ситуацијата и ги влошува тешките услови во кои живеат Авганистанците“, наведе Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји.

Фото: ЕПА

Истражување: Сличностите се привлекуваат

Правилото „Спротивностите се привлекуваат“, се чини, веќе не важи. Ново истражување открива најмалку пет својства на меѓусебната привлечност поврзана со сличностите и современата успешна и трајна врска.

Сеопфатно проучување од Универзитетот на Колорадо во САД опфати повеќе од 130 особини на милиони двојки во распон од еден век. Во 82 - 89 отсто од особините - од политички наклонетости до избор на начин на живот, партнерите покажале впечатливи сличности. Од друга страна, само три отсто од личните особини покажале некаква спротивност. Покрај разбирањето на љубовта, врз овие откритија имаат значително влијание и генетските истражувања, пренесува „Хелти“ (The Healthy).

Д-р Метју Келер, автор на испитувањата и професор на Институтот за бихејвиорална генетика, психологија и невронаука при Универзитетот во градот Боулдер, истакнува дека многу генетски модели претходно веруваа дека човековото поврзување е случајно... Сепак, последните сознанија посочуваат дека луѓето прилично „намерно“ бараат одредени особеносати кај партнерот.

1. Политички и верски убедувања

Тања Хорвиц, една од авторите, вели оти „секоја птица е поверојатно да лета до сопственото јато“. Затоа и за многумина можеби не е шок што заедничките уверувања се меѓу најбитните показатели дека врската може да трае долго.

2. Исто ниво на образование и коефициент на интелигенција

Нивото на образование ја диктира човековата потреба за интелектуална стимулација. Поединци во САД, на пр., сѐ повеќе наоѓаат партнери со исто или слично ниво на интелигенција. Според познавачите, оваа шема може на долг рок да ги засили социо-економските разлики.

3. Висина

Луѓето велат: големината е важна. Се чини, тоа важи за висината. Според Хорвиц, ако пониските лица првенствено избираат партнери со сличен раст, а повисоките луѓе го прават истото, следните поколенија би можеле да се одликуваат со поизразени разлики во висината - но и сличните наследни особини, како медицински предиспозиции, однесување итн.

4. Слични ставови кон консумените и пороците

И односот кон супстанции како алкохолот и тутунот може значително да влијае на љубовниот избор. Новото истражување открива јасна шема: страсните пушачи, алкохоличари и од друга страна оние кои „апстинентните од пороци“ често се дружат со оние кои ги споделуваат тие навики.

5. Година на раѓање

Можеби изгледа очигледно, но возраста се издвојува како јасен признак на компатибилноста. Луѓето најчесто наоѓаат партнери кои им одговараат на нивото на емоционална зрелост, што можеби ја одразува генерациските вредности и искуства.

Инаку, истражувањето покажа дека факторот претходни партнери, на пр., или дури и животните искуства, како што е доењето, влијаат на изборот на партнер, иако во помала мерка. И невротичноста, како и други позитивни или негативни особини, покажаа минимални, но позитивни корелации во смисла на меѓусебната привлечност.

Интересно, компатибилноста кога станува збор за отвореност или воздржаност не е клучна. Хорвиц коментира: „Луѓето ги имаат сите овие теории дека екстровертите се како интроверти или екстроверти како другите екстроверти, но факт е дека тоа е како да превртувате паричка: екстровертите имаат исто толку шанси да завршат со екстроверти како и интровертите“.

Иако сѐ ова посочува дека сличностите доминираат во романтичните избори, постојат исклучоци. Одредени особини, како што се моделите на спиење (да се биде утринска личност наспроти „ноќна птичка“) и донекаде анксиозноста укажуваат на привлекување на спротивностите. Сепак, корелацијата тука е недоволно јасна и бара дополнителни истражувања. /МИА

Лула оди на операција на колкот

На бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска треба да му биде извршена операција за замена на вештачки колк.

Операцијата привремено ќе ги стопира неговите чести патувања низ светот.

Се очекува Лула (77) да помине неколку дена во болницата Сирио Либанес во Бразилија, пред да се врати во претседателската палата на почетокот на следната недела.

-Операцијата на Лула не треба значително да влијае на процесот на донесување одлуки“ рече Пауло Калмон, професор по политички науки на Универзитетот во Бразилија.

Тој додаде дека Лула најверојатно ќе бара да биде информиран за се што се случува дури и за време на неговото закрепнување.

притисни ентер