Митева:Институциите мора да научат дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса

„Очигледно дека работата на Советот на јавни обвинители не е добра ниту целосна, ниту па ја одразува и ја применува целата улога за која практично беше и формиран.“

„Очигледно дека работата на Советот на јавни обвинители не е добра ниту целосна, ниту па ја одразува и ја применува целата улога за која практично беше и формиран. Жалам, поддршка на ваков извештај ниту сега ниту во иднина нема да дадам“, истакна членот на ИК и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители за 2023 година.

Митева продолжи и додаде:

„Мора да се научат институциите дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса со власта на СДС и ДУИ каде само бледо ќе напишат некои статистики и ќе ги пратат до Собранието и ќе ценат дека така ќе поминат работите. Мора да размислуваме како да ги подобруваме работите, тоа беше и наше предизборно ветување“, рече Митева.

Таа истакна дека по скандалот со заменик претседателот кој се случи очекувала оставка од сите во Советот на јавни обвинители. „Во најмала рака очекував дека по скандалот кој се случи со заменик претседателот сите како совет на јавни обвинители ќе понесете морална одговорност, оставки и ќе кажете дека не сакате да сте дел од еден таков совет“, посочи Митева, се наведува во партиското соопштение.

Расте бројот на жртви во Јабланица, потрага по пет исчезнати лица

Расте бројот на жртвите од полавите во Босна, се трага  по пет исчезнати лица.

Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица - машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.

Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачката екипа со 12 возила - наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

 Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА.

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

притисни ентер