Млада трудница од Велс легнала да дремне и не се рабудила- не успеале да го спасат ниту бебето

Младата трудница Леа Роберт (21) од Камберленд, Велс, ненадејно починала откако легнала да „дремне“.

Леа била многу возбудена кога ја дознала најсреќната вест - дека е бремена и чека девојче, на само три дена пред нејзината трагична смрт, објави Дејли Меил.

Пред да отиде да дремне, се пожалила дека не се чувствува добро. Се се случило на 1 август, а девојката во моментот на смртта било во петтиот месец од бременоста.

Беки Дејвис, пријателката на Леа, рече дека нејзината пријателка починала во куќата на баба ѝ и дедо ѝ каде што живеела. Додала дека си легнала жалејќи се дека се чувствува лошо.

Но, тие го вклучиле алармот неколку часа подоцна кога не можеле да ја разбудат.

„Излезе преку ден и се врати дома кај баба и и дедо бидејќи не се чувствуваше добро. Отиде да легне 30 минути. Некој дојде да ја повика Леа да види дали ќе излезе, а дедо ѝ влезе во нејзината спална соба да се обиде да ја разбуди, но не можеше. Отиде и ѝ рече на бабата дека не може да ја разбуди, па таа влезе и сфати дека нешто не е во ред. “, објаснува Беки.

Мајката на Леа, Мартин Вон, истрчала до куќата заедно со Брзата помош, а хеликоптерот и полицијата набрзо пристигнале. И покрај едночасовните напори на лекарите, Леа и бебето не биле спасени.

„Таа беше најнесебичната личност што можеше да ја сретнеш во животот. Немаше лесен живот, но сè што сакаше беше да сака и да биде сакана. Семејството беше огромна работа за неа, таа секогаш велеше дека ги сака моите деца, се грижеше за другите како ниедна друга.“

Сега е започната кампања GoFundMe за да му помогне на семејството со трошоците за погреб.

„Само се обидувам да соберам доволно пари за да можат да имаат соодветно испраќање. Доволно е тешко да се изгуби ќерка, но да се изгуби внуче во исто време мора да биде една од најтешките работи“, рече Беки.

Почит за Леа и нејзиното неродено бебе, кое требаше да се вика Лина Роза, се излеа на социјалните мрежи.

„Толку многу те сакам и ќе ми недостигаш засекогаш, светот е толку суров, ти заслужи многу повеќе отколку што можеше да ти понуди тебе и на твоето прекрасно девојче... почивај во мир во рајот мое девојче“, се вели во објава на социјалните мрежи. .

Семејството на Леа сега ги чека резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за нејзината смрт.

Политико: Орбан го одложи говорот во Европскиот парламент поради невремето во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одложи говорот планиран за среда во Европскиот парламент поради поплавите во Унгарија, пишува магазинот Политико.

„Поради екстремните временски услови и поплавите во Унгарија, ги одложив сите мои меѓународни обврски“, изјави денеска Орбан.

За време на викендот обилни дождови и поплави ја зафатија централна и источна Европа, а во невремето загинаа најмалку 10 луѓе, додека илјадници беа принудени да ги евакуираат своите домови.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера објави дека се подготвува да прогласи состојба на природна катастрофа.

Унгарскиот премиер во среда во Европскиот парламент во Стразбур требаше да ја претстави програмата на унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

„Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, разговараше со премиерот Орбан за да му пренесе дека Европскиот парламент е подготвен да направи се што може за да им помогне на сите погодени од поплавите“, соопшти Европскиот парламент, додавајќи дека пратеничката група за оваа недела ќе се одржат консултации за работната програма.

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.

ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.

Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

СДСМ:Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците.

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.

Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.

Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?

Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?

Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.

Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.

Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.

Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.

Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.

Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

притисни ентер