Младенци дошле во Европа на меден месец, па им се случила трагедија- невестата одеднаш починала

Австралијка, која неодамна се омажила, починала во прегратките на својот сопруг откако доживеала мозочна аневризма додека биле на меден месец во Европа.

Медисон Норона од Нов Јужен Велс колабирала додека шетала во Амстердам со својот сопруг, откако доживеала мозочно крварење.

Нејзиниот сопруг Кајл со скршено срце изјавил дека била оперирана за да се намали притисокот од крварењето и „се борела до самиот крај“.

„Лекарите не можеа да поверуваат колку е голема аневризмата и не можеа ништо да направат за да ја спречат или спасат“, напишал тој на Интернет.

Рече дека Меди се борела како и секогаш до самиот крај, пренесува Daily Mail.

„Таа почина во моите раце опкружена со нејзините најблиски во 22.59 часот во Амстердам. Не можам да поверувам што се случи, скршен сум на милион парчиња.“

„Секогаш и засекогаш, душо“, напишал скршениот сопруг.

Десетици луѓе му испратија пораки со поддршка и сочувство по страшната вест.

Медисон и Кајл се венчале на 21 април.

Поставена е страница GoFundMe за да се соберат пари за да се врати Медисон дома во Австралија.

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив. /МИА

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

притисни ентер