Младите бараат сериозни врски: „Tinder“ во опаѓање, „Hinge“ во подем

Корисниците се помалку сакаат да платат за запознавање на популарната апликација „Tinder“, додека во исто време расте побарувачката за сличната апликација „Hinge“.

Ова се резултатите објавени во кварталниот извештај на компанијата „Match Group“, која ги поседува двата бренда.

Бројот на корисници кои плаќаат за „Tinder“ се намалува шест квартали по ред, а во првиот квартал од 2024 година падна за девет отсто на годишно ниво на 10 милиони корисници, пренесува „Tech Crunch“.

Спротивно на тоа, бројот на претплатници на апликацијата „Hinge“ пораснал за 31 отсто во истиот период, на 1,4 милиони корисници.

Според порталот, падот на „Tinder“ бил очекуван поради промената на навиките на корисниците на апликациите за запознавање. Помладите корисници се повеќе заинтересирани за сериозни, долгорочни врски отколку за обичните врски по кои е познат „Tinder“.

Спротивно на тоа, „Hinge“ се здоби со популарност од своето основање меѓу корисниците кои бараат посериозни врски.

Додека „Tinder“ се бори да ги задржи претплатниците, „Hinge“ е на пат да стане „бизнис од милијарди долари“, според извршниот директор на „Match Group“, Бернард Ким.

Приходите од апликацијата „Hinge“ се зголемија за 50 отсто на 124 милиони долари во првиот квартал од 2024 година, а приходот за цела 2023 година е 396 милиони долари.

„Match Group“ ќе се обиде да ја зголеми атрактивноста на „Tinder“ преку нови функции како што се дополнителни опции за жени, а наскоро ќе бара секој профил да содржи фотографија од лицето, се вели во соопштението на компанијата.

Извор: Б92

Борел за утрешната средба Вучиќ-Курти: Дијалогот мора да доведе до оперативно решение

На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во Луксембург, Борел им рече на новинарите дека сега тоа е клучно, бидејќи членките на ЕУ го разгледуваат неговиот предлог барем за постепеното укинување на санкции за Косово.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел пред средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, изјави дека „вложува напори српско-косовскиот дијалог да го доведе до оперативно решение“ за спроведување на Охридскиот договор, јави дописникот на МИА од Белград.

На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во Луксембург, Борел им рече на новинарите дека сега тоа е клучно, бидејќи членките на ЕУ го разгледуваат неговиот предлог барем за постепеното укинување на санкции за Косово.

- И тоа може да создаде сценарио во кое Дијалогот, не велам дека ќе се обнови, но барем нема грубо да се прекине, соопшти високиот претставник на Унијата.

- Двајцата лидери (на Србија и на Косово) се состануваа долго време во рамките на Дијалогот и јас не сакам тој да заврши пред да го завршам мојот мандат, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ објасни дека Приштина и Белград „од една или друга причина не биле во можност да го спроведат тој договор“, но рече дека „сега е неопходно да се обноват состаноците на високо ниво за да се знае каде сме“.

Според најавата на ЕЕАС, Борел и Лајчак утре во Брисел прво одделно ќе разговараат со Вучиќ, а потоа со Курти, по што ќе следи заедничка средба на високите претставници на ЕУ и српскиот претседател и косовскиот премиер.

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано од грчка страна.

Ние бараме јасно и гласно, без отстапки почитување на договореното и ова е позиција од која нема да направиме каква било отстапка, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и притоа посочи дека постои само едно толкување на ерга омнес, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашањето на МИА за тоа дали Мицотакис ќе му честита на Мицкоски, сега кога и официјално новата Владата положи заклетва, Маринакис посочи дека Грција во рамките на добрососедските односи со сите земји се придржува до протоколите, но и ги повтори грчките позиции.

-Факт е генерално, без да имам конкретна информација, дека нашата земја како држава сака, се стреми кон добрососедски односи, се стреми кон добри односи со сите држави, особено кога се соседни земји, се придржува кон сите протоколи за секоја процедура, без разлика дали е изборен процес или заклетва на Влада. Но, повторувам, бидејќи постојат некои новопојавени погрешни толкување за тоа што значи ерга омнес, јасно е, нема многу толкувања има едно толкување согласно меѓународното право и во овој момент со низа формулации спротивни на меѓународното право, се чини дека новата Влада на С. Македонија не го почитува. Очекуваме да видиме дали ќе усогласи, рече Маринакис.

Паралелно го повтори она шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис го посочил на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ дека „однесувањето на Скопје од изборите и потоа е престапното однесување, спротивно на меѓународното право“, но и дека „не постои почитување на обврската за ерга омнес име на државата, како што произлезе по Договорот од Преспа“.

Во однос на можностите за прва тет-а-тет средба на премиерите на двете земји на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон за две седмици, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, владиниот портпарол одговори дека ако се договори такво нешто ќе биде соопштено, меѓутоа во моментов не знае нешто повеќе.

Медиумите во Грција од доцна синоќа ги пренесуваат ставовите на премиерот Христијан Мицкоски изразени во интервјуто за ТВ24, особено делот во кој ја коментира вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Грција и посочува дека „или не го разбира Преспанскиот договор или погрешно го чита“.

Грчки дипломатски извори за медиумите утрово брифирале дека „правните текстови не се толкуваат врз основа на претпоставената волја и желба на кој било, туку врз основа на нивното писмо и дух, а техничкиот правен термин ерга омнес, кој е јадрото на Договорот од Преспа, не е подложен на апсолутно никакво оспорување“.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.

- Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

притисни ентер