Имало и такви кои вееја победнички знамиња. Веста во текот на ноќта дека Дамаск падна и сирискиот претседател побегна, поттикна некои Сиријци во Либан да побрзаат кон Масна, граничниот премин најблиску до нивниот главен град.
Планот беше да се интервјуираат луѓе кои сакале да ја преминат границата, но решиле да продолжат во Дамаск. Таму сретнале човек по име Хусен кој видно плачел. Тој за Би-Би-Си изјави дека е поддржувач на претседателот Башар ал Асад и дека многу се плаши.
„Не знаеме ништо за тоа што ќе се случи внатре. Може да нѐ убијат, тоа е хаос. Секој што работел со режимот или војската вели дека ќе им дадат безбеден излез, но никој не знае. Ако тоа не е точно, тие ќе ги платат последиците“, рече Хусен, кој со семејството пристигнал на граничниот премин со Либан, но не носеле документи.
Кога влегоа во Сирија, патот кон Дамаск беше ширум отворен. Кога се приближуваа до главниот град, можеа да видат знаци на војската што се повлекува - армиски џипови и тенкови, напуштени. Воени униформи се фрлаат по патиштата каде војниците ги скинале, пишува Би-Би-Си.
На улиците имало сообраќај, но дуќаните се затворени. Луѓето се собрале на централниот плоштад Омајад, воодушевени од извонредниот крај на повеќе од петдецениското авторитарно владеење на режимот на Асад. Вооружени лица пукале во воздух, а имало и повредени.
Цивилите се возеле наоколу со своите автомобили, светкајќи знаци за мир, велејќи дека работите ќе бидат многу подобри сега кога Асад го нема. Една постара жена плаче.
„Благодарам, благодарам“, извика таа како да се моли. и додаде: „Тиранинот падна, тиранинот падна!“. Многумина во нејзиното семејство умреле под власта на Асад, рече таа, некои во затвор.
Пријдов на пар со четири мали деца, чии родители беа доста среќни. Велат дека се неописливо среќни и дека не можат да веруваат дека тоа го доживеале.
„Тоа е неописливо чувство. Многу сме среќни. После сите години диктатура што ги живеевме во животот! Бевме во затвор во 2014 година и сега сме надвор фала богу. Победивме поради нашиот народ, нашите борци и сега сме во моментот каде што ќе ја изградиме најголемата Сирија!“, рече тој.
„Ги покануваме нашите сестри и браќа кои ја напуштија земјата да се вратат. Нашите срца и домови се отворени за вас“, апелира тој до своите сограѓани.