МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Поради информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи апелира македонските државјани да избегнуваат патувања кои не се неопходни во Израел, Иран, Либан и палестинските територии.

Од МНР потсетуваат на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected]), како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] ).

Скутерот со кој францускиот претседател Оланд одеше кај љубовницата е продаден за 20.000 евра

Скутерот на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд е продаден на аукција за повеќе од 20.000 евра, што е двојно повеќе од почетната цена и многукратно од вредноста на користениот, објави денеска Гардијан.

Скутерот во неделата го купил колекционер на „престижни“ и историски возила.

Скутерот стана познат по скандалот кога Оланд беше снимен како го вози ноќе додека ја посетува својата љубовница Зила Гаја во 2014 година.

Фотографиите беа објавени во магазинот Closer.

Оланд тогаш објави дека неговата врска со неговата партнерка, новинарката Валери Триервејле е завршена, но одлучи да не се кандидира за реизбор во 2017 година и се ожени со Гаја во 2022 година.

Ремек дело на Караваџо е изложено во музеј во Мадрид, со векови се сметало за изгубено

Откако со векови беше непризнаено и речиси продадено „за ситно“, неодамна откриеното ремек дело на Караваџо од денеска е изложено во музејот Прадо во Мадрид.

Ecce Homo (Еве човек) на Караваџо е едно од шеесетте познати дела на италијанскиот барокен мајстор. Долго време се сметаше за изгубено пред да стане едно од најпознатите повторно откриени дела во историјата на уметноста.

Ecce Homo е насликано помеѓу 1605 и 1609 година и се верува дека некогаш припаѓало на приватната колекција на шпанскиот крал Филип IV. На него е прикажана сцена од библискиот Нов завет во која Понтиј Пилат на толпата му го подарува исцрпениот и крвав Христос со круна од трње на главата.

Сликата, која денес вреди десетици милиони евра, се појави на аукција пред три години и за малку ќе беше продадена за 1.500 евра. Шпанија ја блокираше продажбата на сликата, која му се припишувала на помалку познат сликар од 17 век, откако експертите претпоставија дека тоа е дело на Микеланџело Мериси, попознат како Караваџо.

Четворица експерти за сликите на Караваџо, меѓу кои и професорката по историја на уметност Марија Кристина Терзаги и историчарот на уметност Џани Папи, во меѓувреме потврдија дека тоа е негова слика и ја оценија како ремек-дело.

Мадридскиот музеј Прадо, кој веќе е дом на Давид и Голијат на Караваџо, ќе ја изложува оваа слика до 13 октомври.

Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер за името и дека ќе го користи во и вон земја

Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е С. Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вечерашното интервју за Стар.

Мицотакис во интервјуто за централното издание на вестите, говореше и за надворешната политика, а се осврна и на односите со нашата земја, посочувајќи дека Атина се стреми кон добри односи, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа.

-Видов некои изјави на претседателката на С. Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи , но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на јадрото на Договорот што го потпишаа двете земји, рече Мицотакис.

Го повтори ставот дека според нив Договорот има „многу проблеми кои ги гледаме сега во однос на признавањето на македонскиот јазик и националност“.

-Но, Договорот одреди едно име за сите и ова соседите мора да го почитуваат. И очекувам од новиот премиер, кога и штом ќе положи заклетва да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја, рече грчкиот премиер./МИА

притисни ентер