Модриќ: Мојот рекорд не ми значи ништо бидејќи не и помогна на Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не е импресиониран што стана најстариот голгетер во историјата на Европските првенства.

Триесет и осумгодишниот фудбалер синоќа погоди против репрезентацијата на Италија (1:1) во натпреварот од 3. коло на Европското првенство.

-Мојот рекорд? Тоа не ми значи ништо бидејќи не му помогна на тимот. Тажна ноќ, изјави Модриќ за „Madrid Xtra“.

Модриќ (38 години и 289 дена) го собори рекордот на Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол со 38 години и 257 дена на натпреварот против Полска на ЕП 2008 година.

Шпанија (9 бода) и Италија (4) директно се пласираа во плејофот на ЕП 2024. Хрватска освои 2 бода и има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето.

Четврти самит на Европската политичка заедница, присуствива и премиерот Мицкоски

Војната во Украина, економската соработка и зајакнување на границите на европскиот континент се главните теми на четвртиот по ред состанок на шефови на држави и влади на Европската политичка заедница кој се одржува во Обединетото Кралство. 

Состанокот кој доаѓа една недела по НАТО самитот на едно место собра четириесетина лидери на земји од речиси сите европски земји, освен Русија и Белорусија. Британскиот премиер Стармер кој е домаќин на состанокот во вовоедниот говор покрај за значењето на меѓусебната соработка, упати и директно предупредување дека земјите од западен Балкан и Молдавија се соочуваат со како што ја нарече – акутна руска закана.

-Заканата од Русија се протега низ Европа. Многу од нас видовме напади и врз нашите демократии. Луѓе кои се таргетирани на нашите улици, воени авиони кои навлегуваат во нашиот воздушен простор, бродови кои патролираат до нашите крајбрежја, а во Молдавија и Западен Балкан, заканата е очигледно по акутна. Ова е момент за сите нас да направиме повеќе,- - Кеир Стармер – Премиер на Обединетото кралство.

Македонија на самитот е претставувана од премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека ќе се фокусира на предизвиците во делот на енергетиката и економијата, од аспект на регионалното поврзување на балканските држави. Тој на маргините на самитот како што објави на социјалните мрежи, имал средба со хрватскиот премиер Пленковиќ, црногорскиот претседател Милатовиќ и членот на претседателството на БиХ Бечировиќ, а имал и средба со српскиот претседател Вучиќ кој како што сподели, со Мицкоски разговарал за идната соработка меѓу двете земји.

По завршување на работниот дел на самитот кој инаку се одржува во палатата каде е роден поранешниот британски премиер Винстон Черчил, предвидено е лидерите да присуствуваат на прием кај кралот Чарлс Трети, а најавени се и билатрални средби на учесниците. Европската политичка заедница беше иницирана од францускиот претседател Макрон за време на француското претседавање со ЕУ како платформа за поттикнување политички дијалог и соработка на европскиот континент. Таа како што беше нагласено при нејзиното основање, не претставува замена на ниту една постоечка организација, структура или процес.

Во Македонија уапсен екс припадникот на ОВК–косовското МНР бара негово ослободување

На влез во државава, на граничкиот премин со Косово „Јажинце“ синоќа во 16 часот македонската полиција го уапсила Блерим Рамадани, поранешен припадник на УЧК, кој се бара со потерница од Интерпол Србија. 

Како што информираа од МВР тој бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „АПСИ“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово..

Од Jавното обвинителство информираа дека предметот е префрлен во Обвинителството за организиран криминал во Скопје. Од таму велат дека ја добиле целосната документација и согласно надлежностите ќе побараат од судијата на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд на Рамадани да му определи екстрадициски притвор.. Од Министерството за правда пак велат дека до овој момент од ниту една институција не добиле инфромација за апсњето на Рамадани.

Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.

-Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата,- Ивица Дачиќ - Вицепремиер на Србија и МВР.

„Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“,-Албин Курти – Претседател на Владата на Косово .

Претходно, амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја како што пренесе косовска „Газета Експрес“ уверил дека Македонија нема да го екстрадира Рамадани во Србија,. Додека за апсењето на Рамадани со реакција на Фејсбук се јавија и од Организацијата на воени ветерани на ОВК наУрошевац.

Додека косовските власти се гласни околу евентуалната екстрадиција на Рамадани, Македонија се уште чека во земјава да бидат екстрадирани доживотно осудените бегалци за петкратното убиство кај Смилковското езеро,Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за кои Министерството за правда неколку пати бараше нивно испорачување.

Ново изненадување за кралското семејство од Меган и Хари- им го смениле презимето на децата

Хари и Меган Маркл ги смениле презимињата на своите деца на нивната веб-страница, со што ја прекинаа 64-годишната кралска традиција.

Во 1960 година беше одлучено потомците на кралицата Елизабета Втора, освен оние кои веќе ја имаат титулата принцеза или принц, да го носат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Но, принцот Хари и Меган Маркл одлучија нивните деца Арчи и Лилибет отсега да се викаат Сасекс. Некои беа изненадени од оваа одлука, додека други тврдат дека ова е одлука која е значајна за семејството на Хари, бидејќи го покажува нивното заедништво и сила. „Реалноста е многу едноставна - да се биде Сасекс е нивна работа, а семејството сега го има истото презиме за прв пат. Тоа е голема работа за секое семејство. Тоа го претставува нивното обединување и е момент на гордост за нив“, коментира извор за Тајмс.

За потсетување, децата на принцот Хари и Меган Маркл не ја добија титулата принцеза и принц при раѓањето, но тоа се промени кога нивниот дедо, кралот Чарлс, дојде на власт во 2022 година. Арчи и Лилибет потоа станаа принц и принцеза.

притисни ентер