Мојс: На крајот на сезоната ќе донесам одлука дали ќе останам во Вест Хем

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, зборуваше за преговорите за нов договор со клубот.

- Имав добри разговори со сопствениците на тимот. Понуден ми е нов договор, па зависи од мене. Ќе донесам одлука на крајот на сезоната, изјави Мојс за „Sky Sports“.

Мојс беше предводник на Вест Хем од ноември 2017 до мај 2018 година, по што доби отказ. Во декември 2019 година тој се врати во клубот. Актуелниот договор на 60-годишниот Шкотланѓанец е до крајот на јуни 2024 година.

Вест Хем е деветти во Премиер лигата со 36 бодови од 25 натпревари. /МИА

Андоновски и Пешевска во Вашингтон на Форум на Меѓународната демократска унија (IDU)

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска се во дводневна посета на Вашингтон, САД и учество на светскиот форум на Меѓународната демократска унија (IDU).

На Форумот свое обраќање имаше новоназначениот Советник за национална безбедност на идниот Претседател на САД, Мајк Валц, Претседателот на Републиканската партија, новата претседателка на Британската Конзервативна партија, бројни сенатори и конгресмени на Републиканската партија.

Андоновски се обрати на состанокот на Извршниот комитет на IDU во кој ја истакна посветеноста на новата Влада на Македонија кон реформите, даночната политика која привлекува инвестиции, поддршката за малите и средните претпријатија преку историски кредити со најниски каматни стапки, вложувањето во дигитализација и политиките на отворени врати за светските бизниси.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека е дел од најзначајните светски настани на десничарските партии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А

Аталанта вчеравечер го победи Милан (2:1) на домашен терен во натпревар од 15. коло на Серија А.

Тимот од Бергамо ја продолжи својата победничка серија на девет натпревари, повторувајќи го својот рекорд поставен од февруари до јули 2020 година.

Аталанта моментално води во италијанското фудбалско првенство со 34 бодови. Наполи кој заостанува два бода утре ќе се соочи со Лацио./МИА

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

притисни ентер