Имено, според шпанскиот весник „Марка“, актуелниот договор на Модриќ истекува за еден месец, а се очекува наскоро да парафира нов, со што ќе се обврзе на едногодишна соработка.
- Реал му понуди на Модриќ продолжување на договорот со значително помала плата. Лука го прифати бидејќи сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал Мадрид и сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони - објави Марка.
Голем интерес за Модриќ покажаа клубови од Саудиска Арабија, но тој реши да остане во Реал, со кој досега има освоено пет европски трофеи, четири шампионски титули на Шпанија и два Копа дел Реј.
Исто така, тој беше добитник на Златната топка во 2018 година.
Досега дресот на „бланкос“ го има облечено на 531 натпревар, а успеа да постигне 36 голови и да запише заслуга за 86 гола.