Мукаетов најави повлекување од позицијата претседател на РФМ

Претседаелот на Ракометната фецерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов потврди дека нема да биде кандидат за највисоката позиција на следното собрание.

Тоа ќе се одржи меѓу 15 февруари и 1 март 2025 година.

Мукаетов на функцијата од 9 март 2013 година и под негово водство македонскиот ракомет доживеа голем прогрес.

Пред Мукаетов, Ракометната федерација на Македонија ја предводеа Иван Бојков, Душко Кадиевски, Трифун Костовски и Михајло Михајловски.

Рама: НАТО зајакна кога Трамп беше претседател

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД може да биде од корист за Европа.

„Кога Трамп беше претседател, сите велеа дека НАТО ќе ослабне, а НАТО стана посилен. Затоа, ајде да гледаме и да не се хистеризираме без да ја видиме вистината. Соединетите Американски Држави се Соединети Американски Држави. Мислам дека тоа не мора да биде лоша работа за Европа“, рече Рама на состанокот на европската политичка заедница во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Рама најави дека следниот самит на Европската политичка заедница ќе се одржи во првата половина на следната година во главниот град на Албанија, Тирана. „Темата за климатските промени е присутна насекаде и, се разбира, таа е на врвот на приоритетите на европските земји, но има и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме можност да бидеме домаќини на оваа средба. “, рече Рама.

Европските лидери присуствуваат на петтиот самит на ЕПС во Будимпешта за да разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги Украина и Блискиот Исток.

Почина 5 годишно девојче на Детската клиника- имало менингитис

Почина 5 годишно девојче од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести...

Станува збор за трет смртен случај за еден месец...

Пред Клиниката е Елизабета Дамјановска Спасеноска, кои се информациите кои ги имаме во моментов за случајот?

Мбапе ги пропушта натпреварите против Израел и Италија, селекторот ја открива причината

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Израел и Италија во Лигата на нации, изјави денеска селекторот на репрезентацијата Дидие Дешамп.

- Зборував со Килијан, тоа е моја одлука само за следните два натпревари. Подобро е вака. Мбапе сакаше да оди со нас, но јас решив да не играм – изјави Дешамп на прес-конференцијата, пренесе денеска „Гардијан“.

Мбапе не играше за Франција во претходните две кола во Лигата на нации, против Израел и Белгија, поради повреда на бутот.

Франција на 14 ноември ќе го пречека Израел во Париз во петтото коло од групата А2 од Лигата на нации, а три дена подоцна ќе гостува во Италија.

Првото место на табелата го држи Италија со 10 бодови, додека Франција е втора со девет. Белгија е трета со четири бода, а Израел е последен без бодови.

притисни ентер