На денешен ден

24 февруари

1525.- Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мушкети“ и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинале 14.000 војници.

1779.- Британскиот морепловец и прославен патник околу светот, Џемс Кук, по низа опасни искушенија доживеал неславен крај. Поради непретпазливост на Хаваите, бил убиен во ненадејниот жесток судир со жителите на островот. Роден бил во 1728 година.

1786.- Роден е германскиот писател Вилхелм Грим, собирач на народни бајки и умотворби, кој како и повеќето други дела ги објавувал во соработка со постариот брат Јакоб. Покрај тоа ја проучувал и митологијата.

1815.- Умрел Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструирал првата машина за предење лен, во 1807 година го изградил првиот употреблив параброд „Клермонт“, кој запловил по реката Хадсон кај Њујорк, а бил творец и на првиот брод на пареа. Роден бил на 14 ноември 1765 година.

1852.- Роден е англискиот писател од ирско потекло Џорџ Огастас Мур, автор на реалистички и натуралистички романи. Дела: „Модерен љубовник“, „Естер Вотерс“, „Аве“, „Спомени од мртвиот живот“, „Салве“, „Вале“.

1882.- Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам со долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија.

1887.- Париз и Брисел станале првите две престолнини поврзани со телефонска врска.

1920.- Во Минхен Хитлер ја објавил програмата на Националистичката странка.

1946.- Хуан Перон бил избран за претседател на Аргентина.

1946.- Во Скопје, на иницијатива на македонските уметници Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Здравко Блажевиќ, Борко Лазески и на други, било формирано Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

1976.- Во Охрид умрел Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Негови познати дела се „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“, „Вапцаров“, „Критики и огледи“. Роден бил во Деде Агач, на 4 октомври 1919 година.

1990.- Умрел италијанскиот државник Алесандро Пертини, поранешен претседател на Италија, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. За шеф на државата бил избран во 1978 година и таа должност ја обавувал до 1985 година, кога се повлекол од јавниот живот.

1991.- Неколку часа по последниот обид на советската дипломатија да го спречи судирот, почнала офанзивата на американските сили и нивните сојузници во Заливската војна против Ирак во која од двете страни учествувале повеќе од 1,3 милион војници. Целта на офанзивата била присилување на Ирак да го напушти Кувајт, кој бил окупиран на 1 август 1990 година.

2003.- Поради штрајк на вработените во НИП „Нова Македонија“ не излегувле весниците „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Бирлик“. Весниците почнале одново да излегуваат на 5 март 2003 година.

2006.- Во Скопје на 70-годишна возраст починал спикерот Томе Саздов, еден од дојаените на спикерската професија. Слушателите го паметеле по препознатливиот глас со кој 40 години непрекинато поминал пред микрофоните на Радио Скопје. Саздов бил и еден од првите водители на многу манифестации на македонската естрада, а се занимавал и со проучување на говорот и правоговорот на Македонското радио.

2013.- Во 84-та година од животот починал писателот Петар Костов. Бил член на ДПМ од 1971 година. Роден бил во Битола во 1928 година. Работел во Македонската радио-телевизија. Оставил богат прозен и драмски опус. Автор е на книгите „Бог да го прости Чарли“, „Пак кукуригаат црвените петли“, „Кулата“, „Црвен дожд“, „За виното, водата и Анѓелија“ и други.

2014.- На 55-годишна возраст починал познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ. Професионално се занимава со фотографија од 1980 година кога почнал да работи како фото-дописник за загрепски „Вјесник“, а подоцна работел во македонските дневни весници „Вечер“, „Дневник“ и во неделниците „Пулс“ и „Дневник 7“. Соработувал и со странските новински агенции Танјуг, Ројтерс, Асосиед прес и ЕПА. Роден бил во 1958 година во Битола.

2020.- На 82-годишна возраст почина Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос. Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи - музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно математички факултет (наставник по хемија). Желчески, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Во 1959 година на „Партизанските води“ на Златибор на барање на Маршалот Тито, се одржал фолклорен фестивал од цела Југославија, на кој Скопје како свој претставник го испратил Културниот клуб „Орце Николов“, на кој настапила и Кевсер Селимова. Почнале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни. Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Пред седум години во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија пет децениското постоење.

2022.- На 80-годишна возраст почина академик Луан Старова. Академик Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ. Луан Старова беше и почесен член на Академијата на науките на Албанија, член на Медитеранската Академија во Неапол и на Европската академија на науките во Салцбург. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди.

2022.- Русија изврши ракетни напади во Украина. Украинскиот лидер Володимир Зеленски прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија. /МИА

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

Ребел Вилсон: Член на британското кралско семејство ме викаше на оргии и дрогирање

Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари Rebel Rising тврди дека член на британското кралско семејство еднаш ја поканил на оргија и употреба на дрога за време на забава во Јужна Калифорнија, пишува Page Six.

Иако австралиската актерка не именувала за кој член на кралското семејство станува збор, таа тврди дека личноста е маж и дека е веројатно „петнаесеттиот или дваесеттиот во редот за британскиот трон“. Вилсон тврди дека била поканета во последен момент во 2014 година, а кралското семејство ѝ објаснило дека се потребни „повеќе девојки“ на забава со средновековна тема во домот на американскиот технолошки милијардер во близина на Лос Анџелес.

„Каква совршена можност да најдам момче, си помислив“, пишува актерката во својата книга. Вилсон потсети дека забавата вклучувала акробати кои се лулаат, мажи кои се тепаат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени, како и гледање со член на британското кралско семејство додека се делела дрога на послужавници.

„Гледајќи ја британската кралска потпора наоколу додека продолжувам да ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика“, напишала таа, додавајќи дека по раскошниот огномет, друг неименуван маж се појавил со послужавник со нешто што личело на бонбони, но всушност бил дрогата МДМА.

Кога прашала за што е, добила одговор: „Ах, за оргии е... Оргиите обично почнуваат во овој момент, но тогаш го разбрала коментарот дека се потребни повеќе девојки. Не зборувам за односот на мажи и жени како да сме во дискотека. Зборуваа за оргии“, додаде таа.

Таа додала дека тогаш била девица, а од забавата побегнала без да биде сведок на оргиите. „Непотребно е да се каже дека го зедов фустанот за деверуша и истрчав од таму најбрзо што можев“, заклучила таа.

притисни ентер