На денешен ден

10 август

1526.- Турската војска под команда на султанот Сулејман Први по победата над Унгарците во Мохачката битка, успеала да го заземе Будим, кој станал седиште на Будимскиот пашалак, провинција на Османлиското царство во наредните 150 години.

1721.- Шведска и Русија со мирот во Нистад, Финска, ја завршиле Големата северна војна, започната во 1700 година, во која рускиот цар Петар Велики ги победил Швеѓаните со што добил излез на Балтичкото Море.

1839.- Роден е американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот. Верувал дека идеите најмногу можат да се испитаат со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Немал универзитетска кариера, главно работел во владини служби, а неговите влијателни собрани дела се објавени постхумно.

1855.- Роден е германскиот археолог Роберт Колдевеј, кој од 1889 до 1917 година го истражувал Вавилон и докажал дека библиската метропола на реката Еуфрат, јужно од Багдат, навистина постоела.

1917.- Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година.

1919.- Во Сен Жермен, кај Париз, склучен бил мировен договор меѓу Австрија и победничките сили во Првата светска војна. Мировниот договор формално ја потврдил пропаста на австроунгарската монархија и на Австрија и било забрането да се здружи со исто така поразената Германија. Со договорот било признаено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

1925.- Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегувал и во Берлин и Виена. Главен уредник бил Владимир Поп Томов, а во редакцијата биле Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведувал идеите што биле во основата на Мајскиот манифест - борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи.

1942.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна со 476 авиони го нападнало Диселдорф при што исфрлило околу 100.000 бомби.

1943.- По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, германската армија го окупирала Рим.

1944.- Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија бил примен за полноправен член.

1945.- Во Норвешка, под обвинение за предавство, осуден на смрт бил водачот на норвешките фашисти Видкун Квислинг. Во Втората светска војна бил премиер на марионетската влада од 1942 до 1945 година. Со негова помош во 1940 година Германија ја окупирала Норвешка.

1967.- Граѓаните на Гибралтар на референдум ја отфрлиле можноста за припојување кон Шпанија, определувајќи се да останат под управа на Велика Британија.

1976.- Во судирот на патничките авиони „Трајдент“ на британската компанија „Бритиш ервејз“ и „ДЦ-9“ на југословенската компанија ЈАТ, северно од Загреб, загинале сите 176 лица во двата авиона.

1981.- Сликата „Герника на шпанскиот сликар Пабло Пикасо била вратена во Шпанија. Насликана била во 1937 година, по нацистичкото бомбардирање на гратчето Греника во Шпанската граѓанска војна и од 1939 година била во Њујорк. Пикасо оставил аманет „Герника“ да не биде вратена се додека неговата земја не стане демократска држава.

1989.- Унгарија ги отворила границите кон Запад и дозволила заминување на илјадници граѓани на Источна Германија. Масовниот егзодус го предизвикал падот на Берлинскиот ѕид, а подоцна и обединувањето на Германија.

1993.- Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпишал официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Церемонијата била извршена откако премиерот Рабин го добил писмото од лидерот на ПЛО Јасер Арафат со кое се признава Израел, како и копијата од другото писмо на Арафат во кое тој повикува на крај на Интифадата.

1994.- Во селото Арачиново, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.

2000.- Во Република Македонија се одржале вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скопје.

2001.- Воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагазило на две противтенковски мини. Животот го загубиле Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

2002.- Швајцарија станала 190 членка на Обединетите нации.

2003.- Шефот на шведската дипломатија Ана Линд, со нож била прободена во стоковна куќа во Стокхолм од страна на Швеѓанин од српско потекло. Следниот ден починала.

2007.- Во својот дом во Палм Спрингс, Калифорнија, во САД, умрел Џејн Вајман, „последната ветеранка на Холивуд“, една од најекспонираните и најкомерцијални актерки во четириесеттите и педесеттите години на 20. век, добитник на „Оскар“. Родена била во 1914 година.

2022.- На 78-годишна возраст почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал. Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име кој во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори. Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од светските фудбалски првенства. Тој беше дел од Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена ѕвезда. Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера. Играше за Црвена ѕвезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

2022.- Почина Љубиша Никодиновски – Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ). Никодиновски – Биш како тетарски актер работел во театарот “Кај Свети Никита Голтарот” и во „Тетарската работилница ФФ (Зелена гуска)” како еден од нејзините основачи и како продуцент. Се занимавал и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на „Магор“ излезе од печат и неговата книга „Алтернативниот театар во Македонија“. Љубиша Никодиновски – Биш извршувал и повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во „Македонскиот народен театар” како продуцент и раководител на театарот „Центар”; во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма. Во 1976 година бил еден од основачите на фестивалот „Млад отворен театар”, а во 2010 година бил прогласен за негов почесен претседател. Тој бил еден од основачите и генерален секретар и на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско итн.

2023. – Почина акерката Катина Иванова (1951 – 2023), која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави. Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал. За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). /МИА

Политико: Орбан го одложи говорот во Европскиот парламент поради невремето во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одложи говорот планиран за среда во Европскиот парламент поради поплавите во Унгарија, пишува магазинот Политико.

„Поради екстремните временски услови и поплавите во Унгарија, ги одложив сите мои меѓународни обврски“, изјави денеска Орбан.

За време на викендот обилни дождови и поплави ја зафатија централна и источна Европа, а во невремето загинаа најмалку 10 луѓе, додека илјадници беа принудени да ги евакуираат своите домови.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера објави дека се подготвува да прогласи состојба на природна катастрофа.

Унгарскиот премиер во среда во Европскиот парламент во Стразбур требаше да ја претстави програмата на унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

„Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, разговараше со премиерот Орбан за да му пренесе дека Европскиот парламент е подготвен да направи се што може за да им помогне на сите погодени од поплавите“, соопшти Европскиот парламент, додавајќи дека пратеничката група за оваа недела ќе се одржат консултации за работната програма.

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.

ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.

Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

СДСМ:Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците.

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.

Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.

Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?

Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?

Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.

Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.

Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.

Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.

Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.

Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

притисни ентер