На Мбапе „му падна вилицата“ кога ја здогледа убавата Леа (ВИДЕО)

Килијан Мбапе неодамна ја заврши сезоната и се прости од Пари Сен Жермен, а додека чека официјална промоција во Реал, францускиот репрезентативец реши малку да одмори и да ужива во Кан.

Градот кој е познат по својот филмски фестивал ги угости Мбапе и Усман Дембеле, а токму во разговорот меѓу двајцата се видела сцена која стана вирална на социјалните мрежи.

Имено, Мбапе разговарал со соиграчот од репрезентацијата и ПСЖ, а во еден момент здогледал девојка и останал изненаден од нејзината убавина.

Французинот не можеше да го сокрие ентузијазмот, дури и му ја покажа на Дембеле, а во меѓувреме беше откриено која е девојката која го остави Мбапе без зборови.

Станува збор за извесна Леа, инфлуенсерка и манекенка која преку ноќ стана популарна. Толку многу што бројот на нејзините следбеници на Инстаграм се зголеми од 10.000 на 90.000 за многу краток временски период.

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

притисни ентер