Ќе ја посети и Македонија, но засега нема детали кога точно и со кој се ќе се сретне. Првичниот планиран датум е 24-октомври, кој беше најавен пред два дена од Министерството за правда по средбата на министрерот Игор Филков со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Михаил Рокас.
Посетата на Фон Дер Лејен се случува непосредно по одлуката на Брисел за одвојување на Македонија од евроингегративниот пакет со Албанија, која на 15 октомври треба да ја одржи втората меѓувладина конференција, но и три дена вонредните избори во Бугарија, чиј епилог македонската влада ги следи со внимание.
Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски, освен заложбите дека местото на Македонија е во Европската Унија, не очекува дека нејзината посета може да го откочи интегративниот процес, условен со уставните измени.
-Очекувам дека ќе има една стандардна дипломатска реторика дека ЕУ не го заборава регионот на Западниот Балкан и дека му ветува европска иднина и членство на сите земји во Еу но тоа е многу воопштена порака. А од друга страна ние се судруваме со реалноста таа е многу сурова, едностанво сме исправени пред одлуиките на Францускиот предлог. // Не очекувам поместувања од тврдата позиција на официјална софија од друга страна што таму има само техничка влада не политичка но доколку се создаде полтичка влада не очекувам дкеа таа ќе ретерира и ќе дозволи Македонија да продолжи со преговорите доколку не ги вметне Бугарите во Уставот бидејќи гледаме унисони соопштенија. - Благојче Атанасовски – Политички аналитичар
Во меѓувреме, Владата подготвува план за откочување на евроинтегративниот процес на земјава. Министерот за евроинеграции Муртезани пред три дена потенцираше дека веќе се работи на изнаоѓање нови решенија, но дека нема да објавува било какви предлози, додека не бидат завршени изборите во Бугарија.
Тој не потврди дали уставните измени со одложено дејство се дел од предлозите, рече дека ЕУ не гледа со оптимизам на ваквите решенија, меѓутоа не ги отфрла целосно. И премиерот Христијан Мицкоски деновиве порача дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси.