Неизвесна битка во првиот круг од претседателските избори, кој може да очекува водство?

Интересна и неизвесна битка во првиот круг од претседателските избори, особено во албанскиот политички блок очекуваат дел од познавачите.

Според Зоран Иванов бројните кандидатури за иден шеф на државата во првиот круг значително ќе ги разводнат гласовите и смета дека ќе претстои мртва трка помеѓу Пендаровски и Силјановска во вториот круг.

Новинарот Бранко Героски, пак прогнозира убедлива предност на опозицијата уште во првиот круг и победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.

Познавачите не очекуваат напната и таканарачена црна кампања за престедателските избори, во која како што велат треба да доминира личноста на кандидатите, а не партиите кои застанале зад нив. Сепак, Героски стравува дека партиските лидери ќе им ја „украдат“ кампањата на претседателските кандидати, а Иванов очекува во неа да преовладуваат глобалните теми и евроинтергациите.

Со оглед на шареноликата кандидатска понуда за иден шеф на државата несомнено е дека помалите партии ќе им ги поматат сметките на поголемите. А во зависност од тоа на чие конто ќе се прелаат гласовите од помалите политчки партии може да доведе до пресврт во вториот изборен круг, смета Иванов.

Героски пак очекува резултатите од првиот изборен круг од претседателските да се пресликаат и на парламентарните избори.

Црвено предупредување во Велика Британија, милиони луѓе повикани да останат во своите домови

Црвеното предупредување за „опасност по живот“ беше издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија, бидејќи Дара, четвртата бура во сезоната, стигна до Велика Британија, откако претходно ја зафати Ирска.

Владата испрати СМС порака до околу три милиони луѓе, предупредувајќи ги за претстојните бури и советувајќи ги „да останат во своите домови ако е можно“, нагласувајќи дека не е безбедно да се вози во услови на невреме, објави рано изутринава „Скај њуз“, а црвеното предупредувањето ќе трае до 11 часот.

Лондонската полиција соопшти дека бурата Дара може да донесе брзина на ветерот до 145 километри на час.

Црвеното предупредување е едно од деветте предупредувања кои се во сила викендов, вклучително и две портокалови предупредувања за ветер.

Предупредувањето за ветер важи речиси за цела Велика Британија, а ќе биде во сила до утре наутро.

Бурата Дара веќе предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Гардијан“.

Според извештаите од Националната мрежа, повеќе од 12.600 домаќинства во централна и југозападна Англија, како и повеќе од 20.000 домаќинства во Велс, останале без струја.

Исто така, на веб-страницата на Електродистрибуција на Северна Ирска, се наведува дека тие во моментов не можат да проценат кога би можело да продолжи снабдувањето со електрична енергија./МИА

Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево  од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. 

Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,... седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе, пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.

Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека го критикуваше судењето во поразот (1:2) од Аталанта синоќа на гостински терен во 15. коло од Серија А.

Фонсека доби жолт картон поради несогласување со одлуката на судијата Федерико Ла Пена да го уважи првиот гол на домаќините. Португалецот е убеден дека стрелецот, Шарл де Кетеларе, направи прекршок врз дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез пред да ја упати топката во мрежата.

- За разлика од другите, јас никогаш не ја коментирам работата на судиите. Но, денес ми здодеа да молчам и да гледам што се случува. Во епизодата со првиот примен гол имаше очигледен фаул, во тоа нема сомнеж. Работата на судијата беше јасно насочена против Милан. И тоа не се однесува само на денешниот натпревар. Прифаќам дека да се биде судија е напорна работа, но уморен сум да гледам како се носат исти одлуки против одредени клубови. Тие (судиите) не се сомневаат во другите клубови, но против Милан секогаш се однесуваат вака. Тие не покажуваат почит кон Милан. Овој фаул ја смени играта - противникот поведе по гол кој требаше да биде поништен. Штета што морам да зборувам за судењето, но оваа ситуација ме налути. Ова се случува секоја недела, изјави Фонсека.

Милан има 22 бода од 14 натпревари и е на 7. место. Аталанта изби на првата позиција со 34 бода. /МИА

притисни ентер