Нема најава за средба Мицкоски-Радев на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

 Нема договор или најава за средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и бугарскиот колега Румен Радев во рамки на Самитот на Европската политичка заедница што денеска се одржува во Будимпешта, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

- Остануваме на ставот како што кажа и претседателот Мицкоски дека е подготвен за разговор во секое време со секој, со цел да се стигне до крајот на целта, рече Митева на прес-конференција во Владата.

За случувањата на Самитот и за евентуални средби, како што рече, јавноста ќе биде информирана преку соопштенија од владината прес-служба.

На Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, најавено е учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски и Радев, на што македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори.

Предметот за „Бехтел и Енка“ префрлен во МВР

Предметот за „Бехтел и Енка“ што го отвори Обвинителството по допрен глас, врз основа на написи во медиуми, од летото е префрлен во Министерството за внатрешни работи. 

Како што информира Обвинителството, за случајот се отвориле многу прашања и не било лесно да се обезбедат докази за да се дојде до одговорите.

-Предметот за спроведување на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д е отворен по допрен глас врз основа на написи во медиуми. Предметот го почна Обвинителството, но не го работеше ниту една правосудна полиција и заради тоа, по него постапуваше само еден истражител од Истражниот центар на Обвинителството во организиран криминал зашто во целиот Истражен центар со таков тип предемети се занимаваат пет до шест истражители. Во целиот тој период беа извршени проверки на двете постапки - јавни набавки кои биле сроведени за избор на правно лице кое ќе го врши надзорот. Едната била поништена поради недоставување банкарска гаранција, а втората постапка била успешна. Имало двајца конкуренти, два конзорциума. Едниот завршил во почетоците на постапката поради неисполнување услови, а вториот, како единствен краен понудувач, го склучил договорот за јавна набавка. Вака гледано, се е завршено по закон. Но, за да се открие евентуалното постоење на некое кривично дело и како баш тој конзорциум го добил, дали по таа цена било нормално да се добие,..., се многу големи прашања на кои одговорите не можеме секогаш да ги најдеме ниту во нашата држава зашто конзорциумот е меѓународен, ниту е лесно обезбедувањето докази за да дојдеме до одговорите на тие прашања. Се отворија многу прашања, беше потребно да се обезбедуваат и вршат проверки на пошироки страни, предметот уште од летото е префрлен, со дадени наредби, во Министерството за внатрешни работи, беше речено денеска на брифинг со медиумите во Обвинителството.

Лајчак: Македонија да го искористи моментумот и да продолжи на патот кон ЕУ

Македонија да не ги повторува грешките од минатото, туку да го искористи моментумот и да го стави заедничкиот интерес пред партиските за да го продолжи патот кон ЕУ, порача специјалениот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Македонија да не ги повторува грешките од минатото, туку да го искористи моментумот и да го стави заедничкиот интерес пред партиските за да го продолжи патот кон ЕУ, порача специјалениот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак од Конференцијата на Пленарна коневнција на ЕУ во земјава. Потсетувајќи на изјавите од новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, Лајчак потенцираше дека отстапките и компромисите кои се бараат од Македонија се неопходни, а уставните измени ги оцени како прашање на итност за евроинтеграциите на земјава.

„Кога го започнавте овој процес сметав дека ќе напредувате многу, но за жал не сте ни близу и ја споделувам вашата фрустрираност. Се што беше споменато мора да се исполни. Факт е дека параметрите се поставени и нема да кажам ништо ново, да не ја испуштите оваа можност и да не ризикувате да останете запоставени“, порача Лајчак.

Дека Македонија се наоѓа во временски теснец за споведување на уставните измени, смета и собранискиот спикер Гаши, кој порача дека Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот, но дека за тоа е потребен консензус и полиитчка воља. Сепак вели потребно е да се пронајде вистинска формула за продолжување на евроинтеграциите без билатерална препрека.

„ Без оглед на билатералните прашања кои можат да се појават меѓу земјите од Западен Балкан, цврсто сум убеден дека тие никако не треба да претставуваат пречка за напредокот на процесот на европската интеграција. Секако, секоја држава што има за цел да стане дел од ЕУ треба да работи на решавање на билатералните прашања, без да дозволи тие да влијаат врз нејзините напори за исполнување на европските аспирации“, порача Гаши.

Според опизицискиот лидер и претседател на Национален совет за евроинтеграции венко Филипче земјава непотребно губи време неспроведувајќи ги уставните измени. Ги повика властите сериозно да се заангажираат за реформската агенда, укажувајжи на неколку несоодветни законски измени, меѓу кои и Законот за јавни набавки, кои според него се враќање чекор назад во реформскиот процес.

„Јасен е патот како треба да продолжиме напред, да се отвори најсложениот кластер од преговорите. За тоа да се случи потребна е одлука на политичките фактори за да се направат Уставните измени поради тоа што сметам дека сето друго е непотребно трошење на време“, рече Филипче.

Ова е седма Пленарна коневнција на ЕУ во Македонија на која се дискутираше за Кластерот фундаментални вредности, а на која свои искуства и ставови споделија и судии, поранешни амбасадори, невладиниот сектор, како и ескепрти од регионот.

Македонските футсалци ќе играат против Холандија и со Андора

Македонската футсал репрезентација ја очекуваат натпревари против Холандија и против Андора во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Првиот од двата квалификациски мечеви „црвено-жолтите“ го играат на гостински терен Холандија. Дуелот е закажан за в петок (13 декември), во Алмере со почеток од 19:30 часот.

Во вториот квалификациски меч, на домашен терен, Македонија ја пречекува Андора, на 18 декември со почеток во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански".

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за овие средби ги повика: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Никола Спасовски, Зоран Левски, Таулант Исмаили, Даниел Марињо Де Соуза, Марио Благојевски, Садат Зибери, Драган Петровиќ, Игор Леовски, Димитар Јанев, Јакуп Рамадани, Иван Крстевски и Даниел Марихио Де Соуза.

притисни ентер