Неверојатно: Октопод влече нуркач на дното на океанот за да му покаже чуден предмет (ВИДЕО)

Познато е дека октоподот е исклучително интелигентен и сака да се дружи со луѓе.

Во средата, на 17 април, Weather Channel сподели видео од нуркач кој имал интересно искуство со октопод кој сакал да го предупреди за нешто што сметал дека е потенцијално опасно.

Октоподот го фатил нуркачот за рака и го одвел до нешто што тој го нашол, пренесува Pethelpful.

Австралискиот нуркач Џулс Кејси сретнал октопод со кого што претходно имал интеракција, но не на овој начин. Октоподот го фатил за рака и го одвел до нешто што според негово „мислење“ не припаѓа на морското дно.

Гледајте како октоподот ја покажува мистериозната структура што ја пронашол!

@weatherchannel An Australian diver was “shocked” when a friendly octopus led her by the hand to show her an underwater mystery. #TheWeatherChannel #fyp #animal #animals #octopus #nature #ocean #humans #friends #discovery ♬ original sound - The Weather Channel

Нуркачот рекол дека бил шокиран кога пријателски октопод го одвел до нешто што изгледало како надгробна плоча со слика на човек и неговото куче.

Коментарите на оние кои го погледнале видеото се исти: сите велат дека октоподот е многу паметен.

„Колку повеќе учам за нив, толку повеќе сум заљубен во видот“, вели еден гледач.

„Октоподот знаеше дека е туѓ предмет и сакаше да го покаже. Неверојатно е!“

Познато е дека октоподите се срамежливи и обично пријателски настроени кон луѓето.

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

притисни ентер