Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

Какви ефекти ќе донесе буџетската дупка и јавниот долг од 68% од БДП?

Зголемувањето на дефицитот на 720 милиони евра е загрижувачка вест, стигнаа првите оценки од економските експерти по вчерашното презентирање на ребалансот на буџетот.

Со прекројувањето на државната каса се обезбедија повеќе пари за плати, околу 66 милиони и за пензии 80 милиони евра. Домашните експерти сугерираат дека со ова може да се доведе во ризик развојната компонента на буџетот.

-Понатамошното преземање на двете обврски и на двете категории, плати и пензии, дополнително ја става во ризик развојната компонента на буџетот и доколку не се преземат ригорозни чекори во следниот процес на планирање на буџетот, ние имаме сериозни притисоци по основ на развојната компонента,- Благица Петрески – „Фајнанс тинк“ .

Петрески има забелешки и за проекциите на капиталните инвестиции. Очекува за следното планирање на годишниот буџет да да има посериозен план и да се води сметка за намалување на задолжувањата, за кои вели дека сега се неопходни за бизнисот и отплата на старите долгови.

-Ние и од претходната анализа на 8 годишен тренд на буџетот, забележавме сериозни слабости во процесот на планирање, особено во капиталните расходи кадешто имаме хронична подреализација што упатува на потенцијална можност на нереално надувување на капиталните расходи во процесот на планирање и нивно понатамошно кратење со ребаланс.

Клучните препораки за следниот период е да имаме посериозно планирање во делот на буџетот, но и да се преземат поригорозни чекори во делот на фискалната консолидација,- Благица Петрески – „Фајнанс тинк“ .

Денеска на домашниот пазар пак имаме ново задолжување со државни обврзници од речиси 48 милиони евра за тековните реализации на буџетот, прво по формирање на новата влада. Според информациите од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула, со единечна номинална вредност од 10 илјади денари и каматна стапка од 5,6 отсто.

Инаку освен договорениот заем од Унгарија од пола милијарда, Владата најави дека на почеток на следната година ќе бара нов заем оттаму за да отплати еврообврзница од претходната власт, а министерката Димитриеска Кочоска рече дека во спротивно ќе треба да се земе нова еврообврзница која би била со повисоки камати.

Со ребалансот јавниот долг ќе достигне 68 посто од БДП. Корекции има и кај растот - од првично проектираните 3,4 отсто на 2,1 отсто.

Скандал: Пратеникот на ДУИ Дураку одби на одговори на македонски

Пратеникот на ДУИ од „Европскиот фронт“, Садула Дураку, спротивно на Устав и закон од собраниска говорница во прес-центарот на Парламентот одби да одговори на новинарско прашање на македонски јазик.

На новинарите им порача да си најдат превод бидејќи албанскиот јазик, според него, бил службен во земјава. Одговорајќи на прашање само на албански за апсењето на поранешниот припадник на ОВК, од страна на македонската полиција, иако беше замолен истиот став да го повтори и на македонски, во интерес на јавното информирање, тоа не го направи, иако прес-конференцијата беше свикана токму од „Европскиот фронт“, а превод не беше обезбеден.

- Дали може ова истотво да ни го кажете и на македонски?, праша Канал 5.

Одговори Дураку на албански- Имате превод, преведете, албанскиот јазик е службен јазик..., им порача Дураку на новинарите.

За разлика од Дураку, кој е екс вицепремиер и министер, во јавноста познат и како „Командант Вентили“ како учесник во конфликтот од 2001, дел од неговите колеги од ДУИ беа расположени да зборуваат на македонски јазик. Координаторот на пратеничката група, Блерим Беџети потврди дека ДУИ преку законски и уставни решенија ќе бара автентично толкување на Рамковниот договор и како што велат почитување на волјата на гласачите. Беџети потврди и дека еден од авторите на Охридскиот рамковен договор е Пол Вилијамс е дел од меѓународен експертски тим кој го ангажирале за да им скрои ваква платформа.

Од коалицијата „Вреди“, ваквите најави на ДУИ ги сметаат за неосновани. Според нив нема потреба од автентично толкување на Охридскиот договор, бидејќи тој на никаков начин не е загрозен.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов на состанокот во Гостивар најави дека ДУИ подготвуваат закон за формирање влада, бидејќи како што рекол, ВМРО-ДПМНЕ „не го прочитале или не знаат да го читаат Охридскиот договор“. Покрај платформата која ја подготвуваат, лидерот на партијата Ахмети соопштил и дека од септември ќе излезат на протести пред Влада и Собрание...

Активни 15 пожари, најкритично на планината Серта, армијата испраќа дополнителен број војници

15-ина пожари и натаму ја пустошат Македонија.Најкритично е на планината Серта, состојбата е непредвидилива и со пожарите околу Росоман, а добра вест е што пожарот кај Радовиш е ставен под контрола.

Oд денеска дополнително се активира и армијата.

Во живо во овие вести ја вклучуваме Елизабета Дамјаноска Спасеновска. Бети, ти си над селото Пепелиште.

Каква е попладнево состојбата на Серта и уште колку војници тргнуваат на помош?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер