Нинтендо во нагло опаѓање

Нинтендо бележи голем пад на профитот поради слабата побарувачка за конзолите „Switch“.

Јапонскиот производител на видео игри Нинтендо објави дека неговиот профит во првата половина од фискалната година, од април до септември, паднал за 60 отсто на годишно ниво поради слабата побарувачка за неговите конзоли „Switch“, кои се на пазарот веќе осум години. .

Компанијата од Кјото, која стои зад франшизата Супер Марио, забележа добивка од 108,7 милијарди јени, или 656 милиони евра, во првите шест месеци од фискалната година, додека приходите од продажба се намалија за 34 отсто на годишно ниво на 523 милијарди јени, или 3, 12 милијарди евра.

Во споменатиот период, Нинтендо продаде 4,7 милиони од својата конзола „Switch“, додека продажбата во истиот период минатата година изнесуваше 6,8 милиони, пренесува АП.

Компанијата сега очекува да продаде 12,5 милиони конзоли во фискалната година што завршува во март 2025 година, додека претходно очекуваше продажба од 13,5 милиони.

Нинтендо, исто така, наводно очекува значителен пад на приходите и профитот на крајот на тековната фискална година.

Според прогнозите на самата компанија, годишниот приход од продажба ќе падне за 23 отсто на годишно ниво на 7,7 милијарди евра, а добивката за речиси 29 отсто на 1,84 милијарди евра.

Извор: Б92

Почнува пријавувањето за Авицена Женска Трка 2025

Денеска официјално почнува пријавувањето за 13-тото издание на Авицена Женска Трка 2025, која ќе се одржи на 13 април, 2025 година со почеток во 10:00 часот. 

Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2025“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/. Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Сите што ќе се пријават до 30 март 2025, нивното име ќе биде испишано на стартниот број. Рокoт за пријавување трае најдоцна до 3 април 2025, а на денот на трката не е можно пријавување.

Стартот на кружната трка од 3 километри ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Со категории за сите возрасти и вредни награди, оваа трка е повеќе од спортски настан, таа претставува симбол на женска сила, мотивација и поддршка. Минатогодишниот успех на Авицена Женска Трка донесе рекордна бројка на женски учеснички на Виз Ер Скопскиот Маратон - дури 52% од сите учесници беа жени!

„Авицена Женска Трка 2025“ е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и тринаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил.

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

Трчај за себе, за заедницата и за сите кои допрва ќе ги откријат радостите на активниот живот. Спортувањето е забавно и уште подобро во друштво!

„Авицена Женска Трка 2025“

Во ТИРЗ Кичево поставен камен-темелник на белгиска инвестиција вредна 40 милиони евра

Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра.

Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат 120 до 200 вработувања.

Александар Голабоски, извршен директор на Авеста Скопје, најави извоз од 50 милони евра во првата година од инвестицијата која вели ќе достигне 40 милиони евра, а бројот на вработени 600.

- Се надеваме дека објектот би бил готов наредната година. Извозот во првата година согласно бизнис планот би бил околу 50 милиони евра, а во пикот на работењето на фабриката за седум-осум години очекуваме да се зголеми десеткратно, изјави Голабоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стартот на инвестицијата е доказ дека со заедничка работа може да се направи многу.

- Почнува убава инвестиција за овој дел на Македонија, за Кичево. Очекуваме максималниот број на вработени во одреден момент да достигне 600, зошто да не и повеќе, а извозот до половина милијарда евра за шест до седум години. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу. Директорот на ТИРЗ и инвеститорот направија многу за да заживее проектот, помина и на владина седница. Се ова е потребно да се сработи заеднички за да стасаме до оваа состојба денес и убеден сум дека инвеститорот нема да застане тука и оти ќе следи продолжување на инвестицискиот циклус, изјави Мицкоски.

Најави дека ќе бидат објавени и други инвестиции во наредниот период и ги повтори очекувањата за милијарда евра инвестиции до крајот на годината.

- Со тоа ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот и се враќаме повторно но сигурно на мапата на инвеститорите, иако досега седум години бевме заборавени, рече Мицкоски.

Драма во семејството Шумахер, пристигнаа закани поради приватни слики

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер по тешката повреда на главата заработена на скијање на Француските Алпи, е енигма за светската јавност повеќе од една деценија.

Но, сега семејството Шумахер минува низ нова драма поради закана пристигната поради интимни фотографии.

Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по што падна во кома, а сега неговото семејство е уценувано поради слики од легендарниот Формула 1 возач.

Според информациите, семејството на популарниот Шуми добило закани дека ќе бидат објавени приватни слики од спортската легенда. Ова се слики на Шумахер од болничкиот кревет. Ниту една слика од Михаел Шумахер не е објавена по неговата страшна несреќа на скијање пред речиси 11 години.

Според „Индепендент“, во заканите била вмешана и медицинската сестра на Шумахер. - Медицинската сестра, чиј идентитет не е откриен, била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра, заканувајќи се дека ќе објави слики од легендата на Формула 1, пишува порталот.

Маркус Ф, поранешен чувар ангажиран од семејството Шумахер, украл 1.500 фотографии и 200 видеа од Михаел, а заедно со Џилмаз Т. и Даниел Л подготвил план да му се закани на семејството на возачот, како што пренесува „Билд“.

притисни ентер