Надал денеска беше опериран во Барселона, а лекарите за медиумите изјавија дека процесот на опоравување ќе трае околу пет месеци, што значи дека Надал нема да биде подготвен за ниту еден турнир до крајот на сезоната, ниту за настап во Дејвис купот, на што се надеваше.
Шпанецот кој денеска наполни 37 години имаше многу проблеми со колкот и оперираше една од тетивите, а мртвото ткиво кое исто така го мачеше, е отстрането. Лекарите објавија дека операцијата поминала многу добро, но дека Надал ќе мора да мирува до крајот на годината.
Надал својот последен меч го одигра на Австралија опен каде во 2.коло загуби од Мекдоналд со 3:0. Паузираше, а потоа го откажа поголемиот дел од сезоната на земја, за да го откаже Ролан Гарос и наскоро Вимблдон на прес-конференцијата пред две недели. Покрај тоа, тој најави дека 2024 година ќе биде последна година од неговата кариера.
"Морам целосно да го регенерирам своето тело бидејќи не сакам да играм ако не можам да бидам на задоволително ниво. Сакам да бидам целосно подготвен за следната година, која ќе биде последна во мојата кариера. Ако продолжам да играм сега, не би можел да играм во 2024 година“, изјави Шпанецот.