Нов удар за принцот Хари: „Да беше жива принцезата Дијана, тој немаше да се ожени со Меган“

„Да беше жива Дијана, многу луѓе би можеле да ме критикуваат за ова, но се сомневам дека Хари ќе се омажеше за Меган. Дијана беше многу внимателна со своите синови, тие беа нејзини момчиња.

Принцот Хари и неговата сопруга актерката, Меган Маркл неодамна ја прославија шестата годишнина од бракот, а портпаролот на покојната кралица Елизабета Втора, Дики Арбитер, за радиото „Тајмс“ изјави дека верува дека парот не би се венчал доколку принцезата Дијана била жива.

„Да беше жива Дијана, многу луѓе би можеле да ме критикуваат за ова, но се сомневам дека Хари ќе се омажеше за Меган. Дијана беше многу внимателна со своите синови, тие беа нејзини момчиња. Ги штитеше од секого за кого мислеше дека не е вистинската личност“, рече тој, пишува „Мирор“.

Тој додаде дека Хари имал еден куп девојки, но тие не сакале да бидат во „златен кафез“ и дека сака нешто како што имал неговиот брат Вилијам - брак и деца.

„Мое лично мислење е дека избрзал во брак“, заклучил Арбитерот.

Инаку, Хари неодамна беше во Лондон за да присуствува на церемонијата по повод 10-годишнината од игрите „Invictus“, но не се сретна со својот татко, кралот Чарлс III, кој наводно бил многу зафатен.

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 13.10 часот во Кичево го лишиле од слобода З.Т.(29) од Кичево.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана, пари и други предмети.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во Ресенско, пронајдена дрога и приведен дилер

Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.

МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.

-При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

притисни ентер