Нова Влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите

Преговорите за кадровските решенија во идната Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ финишираат и се очекува деновиве да падне и конечниот договор, брифираат партиски извори за Канал 5.

Очекувањата на дел од лидерите на Вреди се дека новата Влада ќе се формира идната недела на 19-ти или 20-ти јуни. Од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 посочија дека мандатарот Христијан Мицкоски предлог владиниот состав и програмата за работа ќе ги достави до Собранието во текот на следната недела, а најверојатно тоа ќе биде в понеделник на 17-ти јуни, но и понатму тврдат дека конечен договор за кадровските решенија се уште нема.

-Нема дефинитивни кадровски решенија. Предлог владиниот состав ќе биде доставен до Собранието следната недела. - ВМРО-ДПМНЕ

Од Вреди пак веќе и официјално ги соопштија дел од кадрите кои ќе седнат во министерските и вицепремеирските фотељи. Арбен Таравари во Утринската програма на Канал 5 потврди дека повторно ќе го превземе ресорот здравство и најави укинување на екононмските директори на клиниките уште на првиот работен ден. А откри и кој ќе раковории со дел од другите ресори.

„Ексклузивно би кажал дека од вечра имам дефинитивна одлука ако се избере идната недела Влада јас ќе земам одговорност да го продолжам тоа што го оставив во 2017-та и да бидам министер за здравство. Министер за екологија ќе биде Изет Меџити, министер за добро владеење и транспарентност ќе биде Арбен Фетаи којшто е роден и живее во Брисел и ќе се врати специјално да биде неколку години во Македонија. Фатмир Лимани најверојатно ќе биде министер за социјална политика. Тоа се имињата кои што дефинитивно ги знам. Уште за министерот за економија не сум сигурен чекаме вечерва дефинитивно да се знае“, посочи Тараври.

Од петте ресори кои ги добива Вреди во владиниот состав останува да се допрецизира само кој ќе раководи со вицепремиерското место за евроинтеграции, каде треба да седне кадар од Алтернатива. Во распределбата на министерските позиции ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на избори, добива најмногу 13 ресори, меѓу кои и клучните места поврзани со безбедноста, надворешната политика и Министерството за внатрешни работи. На контото на партијата на Максим Димитреивски одат Минситерствата за првда и администрација, но и од таму се уште не ги откриваат кадрите кои ќе раководат со нив. Владата на Мицкоски наместо досегашните 16 ќе брои 20 ресорни министерства, а ќе има и тројца министри без ресор. Мандатот на Мицкоски за формирање влада му беше доверен на 6-ти јуни, а крајниот рок за нејзино составување истекува на 26-ти јуни.

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

притисни ентер