Од оваа болест страда секој втор човек

Ако почувствувате притисок во бешиката и цревата веднаш обратете се на лекар!

Ишијасот е збир на тегоби во долниот дел од грбот и настанува како резултат на воспаление на нервот ишијадикус, а еве како да го препознаете и да го третирате.

Нема човек кој во одреден период од животот немал болки во грбот, особено долниот дел. Причините можат да бидат различни, а најчеста причина е долгото седење, недоволната физичка активност и движење. Една од најболните состојби е ишијасот кој се јавува во долниот дел на грбот, а проблеми од овој тип доживува секој втор човек барем еднаш во животот. Лекарите предупредуваат дека е забележан раст на бројот на млади пациенти со ишијас и болки во грбот, како резултат на работењето во канцеларија.

Како настанува ишијасот?

Ишијас се јавува кога се воспалува нервот ишијадикус. Тоа е најдолгиот нерв во нашето тело кој започнува од долниот дел на грбот и се спушта надолу низ двете нозе. Воспалението на нервот може да се појави како резултат на повреда или притисок врз самиот нерв, што предизвикува болка. Почнува од лумбалниот дел на грбот и може да се прошири на колковите, задникот и нозете.

Како што истакнуваат стручните лица од познатата клиника Мајо, болката предизвикана од воспаление на ишијадикусот може да биде исклучително силна и да доведе до слабост во нозете, дури и до проблеми со мочниот меур и цревата, а третманот трае од неколку недели до неколку месеци.

Ишијасот најчесто се јавува кога еден од петте 'рбетни корени на овој нерв е набиен, но може да укажува и на некои други болести, а големо влијание има и генетската предиспозиција. Кај помладите пациенти, ишијасот најчесто се поврзува со дискус хернија. Најчестите симптоми на ишијас се:

чувство на трнење во ногата

болка која се шири низ цело подрачје на нервот ишијадикус

намалено чувство за допир

намален Ахилов рефлекс или негово отсуство

мускулна слабост

оневозможено стоење на прсти и пети

болката може да варира од блага до остра болка

ишијасот обично ја зафаќа едната страна од телото

некои луѓе може да чувствуваат вкочанетост, пецкање или мускулна слабост на ногата или стапалото

еден дел од ногата може да боли, додека другиот дел може да биде вкочанет

отежнато движење

Кога да се одите на лекар?

Ишијасот, особено поблагите симптоми, обично исчезнуваат сами од себе со употреба на лекови против болки. Сепак, веднаш контактирајте го вашиот лекар во следниве ситуации:

ако болката во долниот дел на грбот не поминува подолго од една недела

ако болката е интензивна и се влошува

ако почувствувате ненадејна, силна болка во лумбалниот дел на грбот или ногата

ако имате чувство на мускулна слабост и намалена чувствителност во оваа област

ако сте повредени

ако имате проблеми со контролата на дебелото црево или мочниот меур

Болката обично трае од седум до 14 дена при акутно воспаление, па дури и неколку месеци при хронично воспаление на нервот. Болката кај хроничниот ишијас е послаба отколку кај акутниот. Откако болката ќе се смири, под надзор на физиотерапевт се изведуваат вежби за зајакнување на мускулите во долниот дел на грбот.

На пациентот му се советува да спие на тврда, рамна површина, да избегнува нагли движења, кревање товар... Доколку тоа влијае на квалитетот на животот на пациентот и врз основа на проценка на лекарот, проблемот може да се реши со хируршка интервенција.

Превенцијата не е секогаш можна, но лекарите препорачуваат редовно вежбање, пешачење и исправено седење така што колковите и колената да бидат во иста линија (без прекрстување на нозете). Можете да поставите помала перница помеѓу потпирачот на грбот и долната шуплина на грбот за да ја одржите природната кривина на 'рбетот. Кога кревате товар, не виткајте го грбот, туку клекнете и подигнете го товарот, без разлика дали кревате корпа со влажни алишта или дете.

Потпретседателката на Филипините не се појави на сослушување за заканите кон претседателот

Потпретседателката на Филипините денеска не се појави на првото сослушување поврзано со заканите кон претседателот Фердинанд Маркос Јуниор, велејќи дека не мисли оти истрагата ќе биде правична.

Потпретседателката Сара Дутерте беше повикана да се појави пред Националното биро за истраги, но наместо тоа, го испрати својот адвокат, кој достави писмо во кое се вели дека неговата клиентка жестоко „негира дека упатувала сериозни закани“ според законот.

Дутерте се обиде да ги повлече своите коментари дадени за време на онлајн прес-конференцијата на 23 ноември. На тоа, таа јавно им се закани со смрт на Маркос, неговата сопруга и претседателот на Претставничкиот дом Мартин Ромуалдез. Таа подоцна рече дека тоа е повеќе од грижа за сопствената безбедност, тврдејќи дека добивала смртни закани.

Маркос и Дутерте се во лоши односи од нивната победа на изборите во 2022 година. На Филипините, претседателот и потпретседателот се избираат одделно, што може да доведе до тоа двајца ривали да ги заземат двете највисоки политички функции во земјата.

Дутерте е 46-годишна ќерка на поранешниот претседател Родриго Дутерте, кој е под истрага од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за злосторства против човештвото поради крвавите репресии за време на неговото претседателствување. /MИА

OJO Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште

Основното јавно обвинителство Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште. 

Во постапката се преземаат повеќе дејствија за овој случај од страна на повеќе лица и институции. Јавноста ќе биде известена за одлуката на Јавното обвинителство Велес, информира денеска за медиумите Цветанка Боговеска, јавна обвинителка за подрачјето на Општина Велес.

Таа појасни дека СВР Велес во петокот, 6 декември, во Јавно обвинителство Велес испратил известување за случен кривично правен настан со предизвикана тешка телесна повреда на 12-годишно дете, ученик во ООУ„Блаже Конески“, од страна на врсник и соученик.

Известувањето за кривично-правниот настан на полицијата се темели на член 131 од Кривичен законик.

Станува збор за настан којшто на 20 ноември годинава се случи во ООУ„Блаже Конески“ кога за време на училишен одмор 12-годишен ученик повреди соученик и му нанесе тешка телесна повреда на главата.

Повредениот ученик од велешката Општа болница беше итно пренесен на Клиниката за неврологија во Скопје и по неколкудневно болничко лекување беше пуштен на домашно лекување.

ООУ „Мирче Ацев“ добива нов фудбалски терен со вештачка трева

Втор терен за нашите најмили во една седмица!

На вкупна површина од метри квадратни се поставува нов терен со вештачка трева. Подлогата ги исполнува највисоките критериуми согласно UEFA и ќе биде одлично место за рекреација. Најмладите остануваат врвен приоритет и фокус во работата на Општина Ѓорче Петров.

Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт.

Досега ги изградивме

Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска

Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

Тартан подлога на спортски центар ГеГе

Тартан подлога на спортски центар Бранители

Терен со вештачка трева во ООУ СТРАШО Пинџур

Градиме спортска сала во Хром

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер