Огнот над Врбен под контрола, мештаните ќе дежураат за да спречат негово проширување

Заканата од проширување на пожарот кој утрово се појави на територијата на Националниот парк кон селото Врбен е значително намалена.

За да нема штети кон имотите на жителите, таму вечерва ќе дежураат групи од месното население. Ширењето на огнот е спречено со делување од воздух.

Самир Ајдини, директорот на НП „Маврово“ за МИА информираше дека моментната состојба со пожарот над селото Врбен е под контрола, но ќе се следи будно и преку ноќта. Опасноста по населението и имотите на жителите засега е намалена.

- Од пријавата за оган во атарот на селото Врбен, наша екипа со над триесет вработени беше испратена на терен со противпожарна опрема. Тие делуваа до околу 20:30 часот. Засега состојбата со огнот е под контрола и во договор со жителите на селото ќе има група која ќе дежура, до наутро, кога повотрно планираме да испратиме екипа од вработени во паркот, изјави за МИА, директорот Ајдини.

Тој потврди дека огнот се појавил на места каде што има грмушести растенија и смреки, но со разгорувањето зафатил дел од шумата со ела и не можеше да ја потврди причинетата штета со оглед дека станува збор за непристапен терен

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, потврди дека овој пожар се појавил утрово околу 10:30 часот. Во текот на денот покрај месното население, вработени во националниот парк, во гаснењето се делувало и од воздух со авиони и хеликоптер.

Тој во изјавата појасни дека пожарот над селото Врбен во Општина Маврово и Ростуше бил од поголем размер и почнал да се приближува кон селото.

– Последната линија огнот дојде до 500 метри над првите куќи од селото, но олеснителна е состојбата што помеѓу пожарот и селото има асфалтиран пат, рече Ангелов.

Ангелов информираше на ова подрачје во текот на денот дејствувале со пет ер-трактори со коишто успеале да го изгаснат едниот крак, а воедно, како што рече, дејствувал и еден голем полициски хеликоптер МИ-171, со големо ведро од два и пол тони. Според него, овие интервенции ја намалиле и линијата на пожарот.

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.

ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.

Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

СДСМ:Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците.

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.

Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.

Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?

Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?

Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.

Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.

Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.

Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.

Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.

Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември

Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември,собирот ќе биде во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот

Македонската кошаркарска федерација ќе му оддаде посебна почест на Лазар Лечиќ, кој за жал, нė напушти прерано, во 85. година од животот.

Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ.

Ќе се одржи на 21.септември (сабота), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот.

притисни ентер