Велат граѓаните под притисок од високите цени се помалку купуваат а тоа според нив негативно влијае на целокупната економска слика на државата, па затоа ваквата мерка е чекор напред.
Во предлог мерката која е веќе доставена до Владата и според најавите треба да се разгледа и донесе идната недела на владина седница, опфатени се 100 тина производи како млекото и млечните производи, леб, месо, сезонски зеленчук и овошје, а според планот вакви слични предлози ќе има и за време на празници.
„Не сме вклучени во дискусијата меѓутоа ние секогаш сме биле за намалувањето на маржите особено сега кога имаме енормно покачување на цените, ние како поторшувачи сме затечени и ја намалуваме нашата домашна потрошувачка со цел нешто да се заштеди што со фактички цело време влијае на економијата на државата. “--изјави Маријана Лончар Велкова – претседателка на ОПМ.
Во меѓувреме ред со цените треба да стави и законот за забрана на нефер трговски практики, за што од организацијата оценуваат дека неговата примена мора да почне навреме, бидејќи со законот иако потрошувачите директно не се засеганати, индиректно ќе бидат заштитени.
„Тоа не е на потрошувачите тоа се нефер трговски пракси кои се наметнуваат на самите производители од страна на трговците. Тие им се ним добавувачи. Индиркетно ќе се заштитат потрошувачите со тоа затоа што тие ќе ги намалат маржите на тие 2 500 производи кои им ги добауваат добавувачите....“ -изјави Маријана Лончар Велкова – претседателка на ОПМ.
И од Сојузот на стопански комори со оценка дека законот е вистинското решение кое на правилен начин ќе воведе ред. Вчера, министерот за економија рече дека примената на законот нема да се пролонгира и тој ќе почне да важи в петок идната недела. Со него се ограничува рабатот на 10 отсто, а дополнително со законското решение се донесе и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе се ограничат до 10 %.