Организаторите на ОИ Париз 2024: Стресно, но го направивме тоа

„Амбицијата што ја имавме вредеше да се бориме, направивме силни избори, смели избори кои не се секогаш најлесни“, рече Естанге на прес-конференција еден ден пред крајот на Игрите.

YahooSports/Reuters

- Она што започна со голем безбедносен страв и пороен дожд што го загрози непреченото одвивање на елаборираната церемонија на отворање и пливачките настани што се одржуваа во Сена, заврши со тоа што реката ја одигра својата очекувана централна улога на Олимпијадата.

Претседателот на Организацискиот комитет на Париз 2024, Тони Естанге, рече дека било стресно и морало да се направат прилагодувања, но тројниот олимписки шампион блескаше од гордост додека размислуваше во саботата за успешните Игри.

„Амбицијата што ја имавме вредеше да се бориме, направивме силни избори, смели избори кои не се секогаш најлесни“, рече Естанге на прес-конференција еден ден пред крајот на Игрите.

Игрите, со иконите париски знаменитости интегрирани во многу места за урбани натпревари, постигнаа силни оценки на клучните пазари, вклучително и во САД за носителот на правата NBCUniversal, најголемиот единствен извор на приходи за Меѓународниот олимписки комитет.

Организаторите одлучија маратонското пливање и пливачките нозе на триатлонот да се одржат на Сена, исто како глобално признатата церемонија на отворање - првиот пат кога се одржа надвор од стадион.

И додека тренинзите беа одложени и машкиот триатлон беше одложен поради загриженоста за квалитетот на водата по обилниот дожд, настаните што требаше да се случат во реката продолжија.

„Пливајќи во реката Сена, се соочивме со предизвици, но го направивме тоа, ја исполнивме оваа амбиција, затоа е фантастичен успех досега“, рече Естанге.

„Имавме толку многу дожд (на денот на церемонијата на отворање), тоа не беше во план. Очекувавме дожд, но моравме да се прилагодиме во последните часови и да промениме многу работи за да може да се случи оваа церемонија.

„Да, бев под стрес бидејќи не знаев до кој степен уметниците ќе успеат да се прилагодат на оваа луда состојба. Тоа беше прилично достигнување од нив“.

Глобални рејтинзи

Времето ја искомплицира амбицијата да се плива во Сена.

„Немавме гаранции за бури, некои од нив не беа предвидени и се случија, други беа очекувани и не се случија“, рече Естанге.

„Не бевме поштедени“, рече извршниот директор на Париз 2024, Етјен Тобоа. „Имавме планови за вонредни ситуации и секој пат кога бевме подготвени. Имаше моменти на стрес но сите реагираа со професионалност. Подготвителната работа беше совршена“.

Безбедноста беше уште еден голем предизвик.

Саботери ја погодија француската мрежа за брзи возови TGV во серија напади низ земјата пред зори, предизвикувајќи патувачки хаос утрото на церемонијата на отворање.

„Да се ​​потсетиме на тие напади, ние реагиравме брзо, системот за акредитација беше погоден (од кибер напад), но го решивме проблемот во рок од четири часа“, рече Тобоа.

Игрите, исто така, беа оценети како успешни од страна на МОК, при што шефот на координативната комисија на Игрите во Париз, Пјер-Оливие Бекерс-Виежан, ги пофали организаторите за местата, полните стадиони и задоволувачките глобални рејтинзи.

„Да имаше смело, смело сценарио за овие Игри, ќе беше така. Овие Игри поставија висок репер“, рече Бекерс-Виежан на седницата на МОК во саботата.

„Игрите беа навистина прифатени од парижаните... Навистина од целиот свет. Повеќе од половина од светската популација во некоја форма ги следеше Олимписките игри во изминатите две недели“.

Радев: Нема провокација, сите почести Сиљановска ќе ги добие кога ќе дојде во официјална посета

Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии.

Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии. Ова во изјава за бугарските медиуми го истакна бугарскиот претседател Румен Радев, кој наводите за провокација од бугарска страна ги нарече шпекулации, додавајќи дека официјално Скопје премногу се фокусирало врз формата, а не врз содржината на средбата. Истата ја оцени како контруктивна и во пријателски дух, посочувајќи дека Македонија немала проблем со Бугарија, туку со исполнувањето на условите од преговарачката рамка.

„Нема место за шпекулации со никакви провокации, средбата беше многу конструктивна. Реализиравме еден многу искрен и конструктивен разговор во пријатна атмосфера, назависно од тоа што средбата имаше целосно неформален карактер. Очекувам овој деклариран стремеж за отвореност и конструктивност да биде прифатен и од владата на Македонија, но да биде јасно дека тоа не беше ниту државна, ниту работна посета и јас се надевам дека во многу скоро време претседателката на Македонија ќе дојде и во државна посета на која со сите официјални церемонии по протокол, ќе допринесе за понатамошно развивање на нашите односи“, – Румен Радев, претседател на Бугарија.

Преходно во гостување на бугарската национална телевизија и советникот на Радев, Димитар Стојанов малку зајадливо го бранеше случајот со неистакнувањето на македонското знаме.

„Тоа не е, пак ќе кажам, ниту официјална, ниту државна, ниту работна посета. Дали ако некој државник од соседна држава дојде да пие кафе во Бугарија ние треба да ставиме знамиња во кафулето? Се разбира дека не“, – Димитар Стојанов, Советник во кабинетот на бугарскиот претседател.

Во меѓувреме пак по кадровската промена во македонскиот тим од Мешовитата историска комисија со Бугарија неизвесно е одржувањето на следната средба помеѓу историчарите од двете земји, која беше предвидена за 18-ти или 19-ти месецов. Неофицијално, според извори од Комисијата средбата нема да се одржи во наредните денови, поради тоа што се уште не е официјализиран новоизбраниот состав од македонска страна, иако тој беше утврден на затворена владина седница минатата недела. За кога ќе биде пролонгирана следната средба на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија, од македонскит тим не презиираат, но најверојатно тоа ќе се случи во текот на наредната или понаредната седмица.

Перински во Врање: Нови 5,4 мил. евра за проекти за прекугранична соработка-Србија и Македонија

Министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, рече дека новата програма поддржува иницијативи кои поттикнуваат размена и меѓукултурна соработка.

Европската унија е целосно посветена на членството на Србија и Македонија во Унијата и затоа поддржува проекти за прекугранична соработка, беше речено денеска во Врање на презентацијата на првиот повик за предлози за проекти за прекугранична соработка, во вредност од 5,4 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), на која присуствуваа министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, српската министерката за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ, градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жиофре, јави дописникот на МИА од Белград.

-Повикот во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) беше отворен на 5 септември, а сите потенцијални корисници имаат рок до 22 октомври да достават предлози кои преку овој проект ќе бидат кофинансирани од ЕУ со 5,4 милиони евра, соопштија од српското Министерството за евроинтеграции.

Министерот за локална самоуправа на Македонија, Златко Перински, рече дека новата програма поддржува иницијативи кои поттикнуваат размена и меѓукултурна соработка.

-Програмата нуди можност за соработка во туристичкиот сектор на помалку развиените подрачја со оние подрачја кои се поразвиени, изјави Перински, се наведува во соопштението.

Министерот Перински изјави дека ИПА III изнесува 8,4 милиони евра, но дека на овој повик за проекти ќе бидат достапни 5,4 милиони евра.

-Тие пари ќе бидат поделени на два тематски приоритети - вработување и прекугранична социјална инклузија со 2,9 милиони евра, односно поттикнување на туризмот со 2,43 милиони евра, појасни Перински.

Српската министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ рече дека од 2001 година, ЕУ има дадено повеќе од четири милијарди евра грантови за Србија и за Западен Балкан.

-Ваквите проекти за прекугранична соработка имаат за цел да ги промовираат добрососедските односи и да работат на нивно подобрување, имаат за цел да ја промовираат европската интеграција, но најважна цел е да се подобри социјалниот и економскиот развој на терен, каде што тоа најдобро се гледа, рече Мишчевиќ.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, рече дека вредностите на ЕУ се демократија, мир, слобода, посветеност на соработката, дијалог, просперитет и правда.

-Унијата е посветена на членството на Србија и Македонија во ЕУ и сакаме да ја зајакнеме нивната прекугранична соработка, како начин за исполнување на заедничките цели за доброто на сите граѓани и со тоа зајакнување на патот кон просперитет и мир, рече Жиофре.

Градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ, рече дека Врање има намера да аплицира со проекти од областа на туризмот на проектите за прекугранична соработка со Македонија.

Мишчевиќ, Перински и Жиофре ќе посетат и три проекти во Врање кои беа реализирани во рамките на програмата за прекугранична соработка Србија - Македонија и Бугарија - Србија.

Меѓу нив е и посетата на Јавното комунално претпријатие Комрад во чии рамки се реализираше проектот „Подобрување и заштита на здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување преку ефикасно управување со отпадот“. Проектот опфати соработка со четири јавни комунални претпријатија, меѓу кои Комрад од Врање и три различни општини во Северна Македонија, а опфати мапирање и чистење на диви депонии, уредување на зелени површини и обука на околу 1.400 лица.

Министрите на Србија и Македонија ќе го посетат Јавното претпријатие Водовод Врање, кое е вклучено во реализацијата на проектот „Зајакнување на меѓународните односи меѓу Република Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина“.

Почнува театарскиот Фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип

 На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип вечерва во 19 часот почнува 12. издание на Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“.

Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна најмладата публика вечерва на отварањето на Фестивалот „Малиот принц“ ќе ја проследат претставата „Книголандија“, во изведба на ансамблот на Народниот театар Штип (НТШ).

-Во вторник во 12 и во 13.30 часот за нашите најмали првачиња од основните училишта решивме да и направиме едно изненадување, да им покажеме дека театарот е нивни пријател, не треба да го заборават, туку почесто да го посетуваат. Затоа што во театарот навистина има интересни игри и едукација, покрај образовниот систем. Затоа за нив утре ќе организираме „Театар на сенки“, според сликовницата „Касни порасни“ на Петре М.Андреевски, а всушност оваа претстава ни доаѓа од Детски креативен центар МКЦ. Исто така нашите актерки од НТШ ќе спроведат една работилница „Изработување на маски“, со цел децата да научат како ние ги изработуваме театарските маски, вели Атанасова Арсова.

На Фестивалот за деца и млади „Малиот принц“ најмладата публика ќе може да проследи вкупно пет тетарски претстави, гостуваат театри од Куманово, Битола, Скопје и од соседна Бугарија. Фестивалот се затвара на 19 септември со претствата „Приказни по телефон“ во изведба на актерите од Здружение за уметности и култура „Водолеј“ - Р. Бугарија. Сите претстави почнуваат во 19 часот, а цената на билетите е 100 денари.

притисни ентер