Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А. /МИА

Во Тбилиси приведени 50 демонстранти, полицијата употребила водени топови и солзавец

Грузиската полиција денеска соопшти дека 50 лица се уапсени во текот на деветтата ноќ од протестите во Тбилиси. 

Од нив 48 лица се приведени поради непослушност и вандализам, додека други двајца се уапсени под обвинение за учество во насилни групи.

Протестите се одржуваат поради најавата на владејачката партија дека ќе ги суспендира на четири години преговорите за приклучување кон Европската Унија.

Полицијата и за време на синоќешните протести употреби водени топови и солзавец и интервенирала со специјални единици за да ги задуши протестите, а демонстрантите повторно возвратија фрлајќи разни предмети, како и со огномет и петарди. Демонстрантите се движеа низ центарот на градот, јавија медиумите.

Според властите, од почетокот на масовните протести се уапсени вкупно 341 демонстрант. Речиси 150 полицајци се повредени./МИА

Портокалово предупредување во Франција поради бурата Дара, во прекин железничкиот сообраќај

Метеоролозите сметаат дека вкупната количина на снег ќе достигне и до метар и половина на планините.

Во Франција е објавено портокалово предупредување поради бурата Дара и опасност од силен ветер, снег и мраз, а поради најавените временски услови, церемонијата на свеченото отворање на реновираната париска катедрала Нотр Дам ќе се одржи во внатрешноста на објектот.

Француската метеоролошка служба денеска предвидува силни налети на ветер во главниот град, а попладне врнежи од дожд пропратени со ветрови со брзина од над 70 километри на час, поради што вечерашната музичка програма по повод отворањето на катедралата ќе биде изменета, а најавениот свечен концерт ќе биде одложен, јавува телевизијата БФМ.

Вкупно 15 провинции се во состојба на готовност, од кои девет на северозападниот брег и уште две на југоисточниот дел поради силниот ветер, додека четири на југозапад се ставени во состојба на готовност поради снег и можни лавини.

Девет провинции во северозападна Франција, меѓу кои и Ла Манш, Сен Маритим и Па де Кале, меѓу другите, се ставени под портокалова тревога поради силните ветрови.

Поради силните ветрови, Француските железници соопштија дека услугите на регионалните железнички линии ќе бидат целосно прекинати за викендот, а услугите на некои линии во Бретања, Нувел-Аквитанија и регионот Лоара ќе бидат откажани или изменети.

На југозападниот дел на Франција, во четири провинции е вклучен портокалов аларм поради снег и мраз.

Метеоролозите сметаат дека вкупната количина на снег ќе достигне и до метар и половина на планините.

На пониските, од околу 800 метри, се предвидува снег меѓу 15 и 30 сантиметри, додека на повисоките од 1.200 до 1.400 метри, снегот може да достигне висина од 70 сантиметри до еден метар.

Овие снежни врнежи придружени со силен ветер може да предизвикаат опасни снежни наноси и да го зголемат ризикот од лавини во регионот, посочуваат метеоролозите.

Метеоролозите предупредуваат дека откако ќе помине бурата Дара, ќе следи многу нестабилно време, со обилни врнежи од дожд во текот на попладневните часови, што ќе го зголеми ризикот од дополнителни временски непогоди.

На удар од невремето Дара е и Велика Британија./МИА

Шолц: Подготвен сум со Трамп да развијам заедничка стратегија за Украина

ерманскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе може да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако имале телефонски разговор.

„Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без да се вклучи украинскиот народ во тоа“, рече Шолц во интервју за медиумската група „Функе“.

Тој додаде дека имал „исцрпни“ разговори со Трамп и дека неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп./МИА

притисни ентер