Пеколен топлотен бран во Мексико- мртви мајмуни паѓаат од дрвјата (ВИДЕО)

Мексико го зафати топлотен бран во кој што освен луѓе страдаат и животни, а како последица на горештините умираат и паѓаат мртви мајмуни од дрвјата.

Најмалку 138 мајмуни завивачи, вид познат по своите специфични, гласни повици, се пронајдени мртви во државата Табаско на брегот на Мексиканскиот залив, каде температурата надмина 45 степени, пренесува Гардијан.

Благодарение на локалните жители, пет мајмуни итно се префрлени во локалните ветеринарни клиники каде ветеринарите се борат да ги спасат од дехидрација и топлотен удар.

"Мајмуните се донесени во критична состојба, со дехидрација и треска. Тоа се симптоми на топлотен удар", изјави д-р Серџо Валензуела.

Локалните власти и волонтерите ги собираат телата на мртвите примати од шумите. За да им се помогне на преостанатите животни да го преживеат топлотниот бран, кофи со вода и овошје се ставаат околу живеалиштата на мајмуните.

Биологот за диви животни, Жилберто Позо, изјави за АП дека бранот на умирање на мајмуните започнал околу 5 мај и го достигнал својот врв во текот на викендот.

„Тие паѓаа од дрвјата како јаболка. Беа во состојба на тешка дехидрација и умреа за неколку минути“, рече тој.

„Во нивната ослабена состојба, таквиот пад од височина може да доведе до сериозни повреди кои на крајот ги убиваат приматите“, рече тој.

Поради топлотниот бран од март досега загинале најмалку 26 луѓе, а ветеринарите тврдат дека горештините убиле десетици, а можеби и стотици мајмуни завивачи.

Мексиканското Министерство за животна средина во понеделникот соопшти дека ги координира напорите за утврдување на причината за смртта на мајмуните. Исто така, ги советува жителите веднаш да ги известат властите доколку наидат на мртви животни.

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив. /МИА

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

притисни ентер