Пендаровски за Филипче: За него нема работно време, достапен е секому 24/7

Како што посочи, немал намера да троши зборови за противкандидатот на Филипче во Изборната единица 4, мислејќи на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак, рече дека тој целиот живот го поминал на државни или на партиски јасли.

Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска од Радовиш кажа пофални зборови за Венко Филипче, ексминистерот за здравство и носителот на Изборната единица 4, како и за неговата работа, посочувајќи дека „поради неговите интервенции и дадени дијагнози се спасени многу човечки животи“.

Пендаровски рече дека Филипче и за време на ковид пандемијата, но претходно бил достапен секому, но и дека знаел во 3 по полноќ да се јави и да даде здравствен совет.

„Ќе ми дозволите да кажам два-три збора за д-р Филипче, кој изминатиот период покажа дека и кога не беше на функција се наоѓа секому и беше достапен24/7. Јас и мојата сопруга, но и моите соработници секогаш сме го барале. Во 3 по полноќ знаел да се јави и да дојде. За него немаше работно време. И не само во корона периодот, туку и пред 2019 година. И денес да го побарате ќе го најдете. Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, дијагнози и неговите операции. Просто кажано станува збор за човек за кој ти е мерак да гласаш“, рече Пендаровски.

Како што посочи, немал намера да троши зборови за противкандидатот на Филипче во Изборната единица 4, мислејќи на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак, рече дека тој целиот живот го поминал на државни или на партиски јасли.

„Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата не може да заработи за леб. Тој е сосема различен од нашиот Венко Филипче кој сега да посака може да биде хирург секаде во светот, а за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател“,вели Пендаровски.

Ексминистерот за здравство и носител на пратеничката листа во Изборната единица 4 на СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Венко Филипче пред неколку дена на почетокот на изборната кампања за претстојните парламентарни избори, на својот фејсбук-профил објави видео во кое тој одговара на прашањето зошто повторно се враќа во политиката, кога сите велат дека местото на докторите е во здравствениот систем и во операциона сала.

Ексминистерот на почетокот на видеото вели дека секогаш ќе работи со пациенти и ќе оперира во операциона сала, како и дека тоа не престанал да го работи и кога бил министер за здравство.

Според него, предноста е што како пратеник ќе може да помогне на многу поголем број на пациенти и на негови колеги здравствени работници.

„Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне само на одреден број на луѓе. Како пратеник, преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти“,рече носителот на пратеничката листа во ИЕ 4.

Така, како што вели, неговата основна цел ќе добие национални димензии.

„А, јас, секогаш и со истата жар, ќе работам со пациенти и во операциона сала“, рече Филипче.

Фиат планира голем пресврт- 500е ќе се продава и во бензиска варијанта (ФОТО)

Fiat 500e, познат како електричен автомобил, наскоро ќе добие бензинска верзија со благ хибриден погон.

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, наскоро може да ја објави оваа значајна промена, според извештаите од Automotive News Europe.

Добавувачите на Fiat потврдија дека добиле барања за зголемување на производството на двоен погон од 500 до 200.000 единици годишно. Оваа промена ќе овозможи додавање на 125.000 бензински модели покрај постојните електрични верзии.

Веста за оваа потенцијална конверзија прв ја објави дневниот весник Il Corriere della Sera. Според нивните информации, новата производствена цел вклучува зголемување на бројот на бензински модели. Од јануари до април оваа година, Fiat продаде 12.288 примероци од 500e во Европската унија, Велика Британија и земјите од ЕФТА, што е помалку од 17.363 продадени примероци во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Dataforce.

Во Stellantis не се задоволни од моменталните бројки на продажбата на Fiat 500e, па затоа претставувањето на бензинската верзија се смета за можност за ревитализација на продажбата и зголемување на капацитетот на фабриката во Италија. Одлуката за воведување на бензинската верзија може значително да го подобри производството и да ја намали употребата на привремени отпуштања во фабриката Мирафиори, кои беа користени од март до мај оваа година.

Стариот модел на Fiat 500 нема да биде хомологиран за новите прописи за сигурност и сајбер безбедност, но ќе продолжи да се продава во Африка и на Блискиот Исток, каде што ќе се составува во Алжир. Новата верзија на Fiat 500, вклучувајќи ја и бензинската верзија, нуди нова надеж за зголемување на продажбата и зајакнување на присуството на пазарот.

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски

Зиков: Гаши е коректен политичар, времето ќе покаже каков претседател ќе биде

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски, Коалицијата „Вреди“ е најдобра гаранција за тоа дека Македонија ќе го продолжи европскиот пат. Во првата декларација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ имаше три точки: европски пат, брз економски развој и борба против криминал и корупција и правна држава. Не сакам да ни се повтори 2008, од тогаш до 2024 година ништо не се направи. Имаме 80 пратеници за сега, има шанси и со 110 гласови да поминат уставните измени само треба да се најде модалитет како ќе се „спакува“ во Скопје и Софија, не велам за месеци но за брзо ќе се најде решение. Гаши е еден од најчесните политичари, се надевм ќе биде одговорен и добро ќе ја води функцијата.

Зиков: Ако сакате повисоки стапки на раст треба да ги фокусирате реформите и во Македонија треба да се искристализираат фокусирани министерства, тоа не значи поголем број вработени. Ако СДСМ го дал спикерското место претходно, нема зошто ВМРО-ДПМНЕ да не го направи истото, иако тие имаа доволно пратеници да имаат своја автохтона политика, но олитички, морално и етички некоректно е што истово месеци претходно и во кампањата ВМРО-ДПМНЕ го квалификуваа како „дуизација“ на Македонија. Албанците се рамноправни граѓани како и сите други. Друго прашање е дали со темите за Албанци и Македонци дали можеби треба да се постават прашањата за другите заедници кои живеат во Македонија?

Гром уби ранчер во Колорадо, настрадаа и неговите 34 крави (ВИДЕО)

Во удар на гром во округот Џексон во американската сојузна држава Колорадо загина сточар, а настрадаа и неговите 34 крави.

Во несреќа во саботата, 51-годишниот Мајк Морган загина на својот ранч во Ренд, на околу 190 километри северозападно од Денвер, а молњите собориле околу 100 негови крави, објави Индипендент.

Годишно во САД има околу 50 смртни случаи поврзани со гром, проценува Националната управа за океани и атмосфера, наведувајќи дека шансите да ве погоди гром се еден на милион.

Податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека имало 444 смртни случаи поврзани со гром во САД помеѓу 2006 и 2021 година.

притисни ентер