По 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош од О. Центар

По 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош од Општина Центар.

Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.

„Ги повикувам сите пензионери кои ги исполнуваат условите да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога се предвидуваат поголеми семејни трошоци поради претстојните празници. Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани,“ порача Герасимовски

Оваа финансиска поддршка Општина Центар ја доделува на граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари (согласно податоците од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец септември 2024 година).

Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија - доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата - за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).

Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=23162. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

Општина Центар

Украинците нападнаа руски аеродром со американски ракети, има загинати (ВИДЕО)

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје врз воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област. “се вели во соопштението.

По нападот на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од аеродромот.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Москва нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Украина се уште не го коментира овој напад.

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

притисни ентер