По повеќе децении е претставена првата спортска Lancia (ФОТО)

Lancia го изненади автомобилскиот свет со лансирање на HF верзијата на новиот модел.

Со ова, Lancia го врати култното спортско име HF во своето портфолио. Во исто време пристигна и секогаш наполнетата адреналинска иконографија на Мартини. HF започнува со моделот Ypsilon, а ќе продолжи со кросовер моделот Gemma и компактната Delta, кои допрва треба да пристигнат.

Заедно со ознаката HF доаѓа и ознаката EV, која се однесува на електричен погон со 240 КС. До 100 km/h достигнува за 5,8 секунди, а заедно со моќниот погон добива и спортска шасија. Сè понатаму останува непознато и скриено зад логото со сладок црвен слон.

Посериозниот е Ypsilon Rally 4, автомобилот со кој Lancia се враќа во мотоспортот. Го придвижува 1,2 турбо бензинец со 212 КС во комбинација со погон на предните тркала и петстепен мануелен менувач. Тој ќе се натпреварува во класата Rally4.

Покрај логото, верзијата HF ќе носи поатрактивни предни браници со поголем довод. Спуштени се и браниците, а под нив се тркала со нови бандажи со шест краци.

Познат е и датумот на комерцијализација на Ypsilon HF. Тоа ќе се случи за точно една година. Дотогаш остануваат основните верзии кои во Италија се продаваат по цена од 24.900 евра без субвенции.

НСДП: Нема да дадеме поддршка за ваков состав и програма на Влада

Мандатарот Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали.

Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“ која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење.

Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицковски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.

Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.

Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите.

НСДП нема да даде поддршка за ваков состав и програма на Влада.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

Известување од Канал 5 ТВ до македонската јавност!

Следејќи ги обврските кои произлегуваат од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, ТРД Канал 5 ДООЕЛ Скопје ја известува нашата јавност за следново:

Канал 5 ТВ ја известува јавноста дека со последните измени на Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), членот 141 а , ставови 2 и 3, обврзани сме јавно да ги повикаме кабелските оператори за склучување на нови комерцијални договори.

Истовремено ја информираме целата јавност во Македонија но и надвор од неа, дека нашата земја е единствена во Европа каде комерцијалните кабелски и останати оператори кои го реемитуваат нашиот сигнал, не ни плаќаат за нашите авторски и сродни права, што пак не е случај со регионалните и останатите странски ТВ канали кои се реемитуваат во Македонија.

Затоа, почитувајќи ги позитивните законски прописи, објавуваме дека од 1ви Септември 2024 год. очекуваме од операторите на јавни комуникациски мрежи , односно кабелските оператори, од претплатата која ја наплатуваат од граѓаните на Македонија, да одвојат максимум 15 ден. + ДДВ по еден претплатник.

Оваа сума ќе остане на сила до моментот на промена на истата.

Менаџмент на Канал 5 Телевизија

Почина француската глумица Анук Еме

На 93-годишна возраст, денеска во Париз, почина француската глумица Анук Еме. Веста за смртта ја соопшти претставник на агенцијата „Тајмарт“ (TimeArt), а ја потврди нејзината ќерка Мануела Папатакис на Инстаграм.

Анук Еме е позната по улогите во филмот на Клод Лелуш - „Еден маж и една жена“ (1967) и „Долче вита“ (1960) на Федерико Фелини.

Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други одличја и номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година. /МИА

притисни ентер