Победа па веридба- кинеска спортистка доби брачна понуда по освојување на олимпиското злато

Кинеската олимпијка Ја Чионг Хуанг (30) имаше двојна причина за задоволство по финалето во мешани двојки во бадминтон на Олимписките игри во Париз.

Откако таа и нејзиниот партнер на теренот, Џенг Сивеи (27) го освоија златниот олимписки медал во мешани двојки, нејзиното момче Лиу Јучен, исто така бадминтонист, ја запроси. Таа рече да.

За Сивеи и Ја Чионг ова беше втор олимписки медал откако беа „сребрени“ во Токио.

Тоа беше второ запросување за време на Олимписките игри во Париз. Аргентинскиот ракометар Пабло Симонет ја запроси аргентинската хокејарка на трева Марија Кампој во „градот на љубовта“.

Аргентинската двојка е заедно од 2015 година, а настапија и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември

Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември,собирот ќе биде во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот

Македонската кошаркарска федерација ќе му оддаде посебна почест на Лазар Лечиќ, кој за жал, нė напушти прерано, во 85. година од животот.

Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ.

Ќе се одржи на 21.септември (сабота), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот.

Поевтинуваат горивата

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 66 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли  и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Уро

Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) кое денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди за 2023.

Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски на прес-конференција соопшти дека наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија е доделена на делото „Коњски житија“ од Зоран Анчески во издание на „Арс ламина“. За таа награда одлучуваше жири комисија во состав Елена Пренџова, претседателка на комисијата и членовите Снежана Стојческа и Зоран Јакимовски.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на Симон Трпчевски и Билјана С. Црвенковска, а илустрирано од Оливер Коларески. Одлуката е на тричленото жири: Сузана Мицева, Наум Попески и Стево Симески.

„Птици во аквариум надреалзиам 1924-2024“ од Лидија Капушевска Дракулекса и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, пак, ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2023 година за најдобра книга, критика и есеистика во избор на жирито во состав: Иван Додовски, претседател, и членовите Соња Стоименовска Елзесер и Елизабета Пандиловска.

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ.

Гордана Јовиќ Стојкоска, претседателката на жири комисијата за наградата „Стале Попов“ рече дека „Ако се родат некакви чувста“ е роман за Гоце Дечев и неговата сакана Јанка Канчева, но е и многу повеќе од тоа - роман за светот виден одеднаш низ времето и просторите.

-Победничката книга ја добивме со еден глас повеќе од другиот. „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен роман и старографска метафикција разгранета со барем две странични жарновски меандри, документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница дека „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Канчева Минески цели минати и сегашни познати и непознати светови кои го воспоставуават чувството, припаѓањето, повторливоста на несакањето порано, сега и секогаш, овде и каде било на светот. Македонската фикција е искористена за универзална фикција, рече Јовиќ Стојкоска покрај која во жири комисијата членуваа и Оливера Ќорвезироска и Стефан Маркоски.

Употребувајќи првпат објавени сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка и за нивните интимни моменти, посочи претседателката на жирито, Миневски испишал нови страници за стари љубови, нови истории за стари вистини, но и обратно.

ДПМ не ја додели наградата МОСТ која се доделува за најдобро дело напишано на јазик на националностите затоа што, како што образложи Гроздановски, пристигниле само две дела, а за да се изврши избор се потребни три.

Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија задутре во 19 часот во просториите на ДПМ.

притисни ентер