Побуна во Барселона: Ѕвездите не сакаат да одат на закажан натпревар

Барселона и Клуб Америка ќе одиграат пријателски натпревар на 21 декември во Далас.

Мексиканскиот клуб на својата официјална страница објави дека Каталонците доаѓаат со сите ѕвезди, а Спорт пишува дека договарањето на таа средба предизвикало гнев во соблекувалната на тренерот Чави.

Барселона на 20 декември ќе ја пречека Алмерија во 18. коло во шпанското првенство, по што треба да следи десетдневна празнична пауза. Натпреварот против мексиканскиот ривал значи дека на фудбалерите на Барселона ќе им биде скратен и онака кусиот одмор бидејќи ќе треба двапати да патуваат повеќе од десет часа за да го одиграат натпреварот.

Барселона се согласи да се сретне со Клуб Америка исклучиво заради пари, бидејќи во последните години е во финансиски проблеми, па на секој начин се обидува да заработи неколку евра. Клубот за тој натпревар ќе заработи четири милиони евра, тврди Спорт.

Ѕвездите се побунија велејќи дека не сакаат да одат на натпреварот бидејќи ризикот од повреда е голем, а распоредот е густ. Раководството на клубот наводно им ветило бонус од 100.000 евра по играч доколку навистина патуваат на другиот крај на светот. Со оглед на тоа што Клуб Америка и официјално го објави натпреварот, тој најверојатно ќе се одигра.

Манчестер јунајтед загуби од Фулам и ја прекина серијата од пет победи

 Манчестер јунајтед попладнево загуби на домашен терен од Фулам со 2:1 во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат. 

„Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања.

Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута. На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот. Алекс Ивоби им донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место.

На другите досега завршени натпревари од ова коло:

Астон вила – Нотингем Форест 4:2

Брајтон – Евертон 1:1

Кристал Палас – Барнли 3:0. /МИА

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални и е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на социјалната мрежа Икс.

Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, соопшти Јармуш. Најпознатиот политички противник на Владимир Путин ненадејно почина во затвор пред една недела, а неговата мајка со денови бараше властите да и го предадат телото.

Бербок ја посети Украина Одеса на годишнината од војната

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок отпатува во јужниот украински пристанишен град Одеса, на денот кога руската инвазија врз Украина влегува во третата година.

Германската министерка пристигна во градот придружувана од нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба во посета која првично беше чувана во тајност од безбедносни причини.

Ова е шесто патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Двајцата министри присуствуваа на состаноците на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност на ОН во петокот во Њујорк по повод одбележувањето на втората годишнина од почетокот на војната. Двајцата дипломати пристигнаа заедно во Берлин утрово со авион на германската влада. Оттаму, Бербок и Кулеба полетаа за Молдавија од каде отпатуваа по копно до Одеса, јави ДПА. /МИА

притисни ентер